Врати се назад

VILA BELIS JERISOS

Грција / JERISOS

8

Вила Билис се наоѓа на одлична локација на само 30 метри од песочната плажа, на самиот почеток на главното шеталиште. Вилата располага со апартман и дуплекс апартман. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг на 15 метри од вилата во правец на плажата.

40°23'59.8"N 23°52'49.9"E

40.399935, 23.880515

1/4+1 апартман број 1 - прв кат, со директен поглед море од огромна тераса со маса и столови. Апартманот е простран и има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и софа + кревет на извлекување во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

1/6+1 апартман број 2 – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна) и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови.

Јерисос е едно од најголемите туристички места на Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди