Врати се назад

ПАРГА 2020 година

Грција / ПАРГА

8

ТЕРМИН
Број на ноќевање
ЈОТА
ЛЕМОНИ
ОЛГА

ПАРГА –градче кое се наоѓа во приморскиот дел на Епир, на Јонско море, 60 километри од Јанина и 540 километри одалечено од Скопје. Денес Парга е најпознатото летувалиште во таа област. Интересно за Парга е дека влече корени од античко време, а големи влијанија имаат и западната цивилизација и култура. Жителите се пријатни, во нивниот дух ќе го осетите големото вилајнието на венецијанска култура, британската прецизност и турската гостопримливост.  Денес Парга е комплетно летувалиште каде секој ќе пронајде по нешто за себе: две градски плажи, долгото шеталиште покрај море, плажата Валтос- одалечена околу 20 мин. пешачење, плажата Лихнос, старата градска тврдина која датира од 14 век, голем избор на еднодневни излети до островите Крф, Паксос, Антипаксос, Лефкада...

ВИЛА ЈОТА се наоѓа на самиот влез во Парга, на 250метри од градската плажа и 300метри од центарот. Вилата има сопствен паркинг, располага со трокревети студија и петкреветни апартмани. Секое студио/апартман е со балкон, комплет опремена кујна, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi.

ВИЛА ЛЕМОНИ се наоѓа во центарот на Парга над црквата, располага со двокревети и трокреветни студија на први и втори кат. Секое студио е со балкон, комплет опремена кујна, фрижидер, ТВ, купатило, клима (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi.

ВИЛА ОЛГА се наоѓа на 70м од малата градска плажа и на само неколку минути од центарот. Сите студија се двокреветни (брачен кревет), балкон, комплет опремена кујна, фрижидер, ТВ и клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi.   

 

  • ЦЕНИТЕ во термините означени со * се даени по лице за ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра / по лице (не важи за промотивните цени).
  • Во пакет аранжманите означени со * во студио две лица плаќаат полн износ, ТРЕТО ЛИЦЕ Е ГРАТИС (плаќа само превоз ако користи).

Во апартман ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за трето и четврто лице по 50€

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛИТЕ ВО СЕЗОНА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН ЗА 9 НОЌЕВАЊА, согласно бројот на кревети.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

Над  дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.

  • Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
  • Поаѓањето е ден претходно, состанок на група во 23.00 часот, поаѓање во 23.30 часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи само за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе

на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира

  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Сместување во собите е по 14часот по локално време, а напуштање на истите е до 09:00часот.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можаe да откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

Доплата за превоз:

  • Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 35€
  • деца до 12 години 40 евра / Еден правец 25 евра.
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот) !!!



На брегот на Јонско море и Епир, помеѓу Превеза и Игуменица,се наоѓа прекрасното градче Парга. Опкружена со Лефкада на едната страна и островите Паксос и Антипаксос на другата страна, како и неизбежниот Крф, Парга денес е модерно летувалиште со богата туристичка понуда.
Поради специфичната положба Парга во минатото била мета на многу освојувачи – Венецијанци, Французите и секако Турците. Парга денес брои околу 3000 жители, кои се занимаваат најчесто со туризам, кои секоја година ги дочекуваат туристите од западна Европа.
Под остатоците на венецијанскиот замок, Парга потсеќа на мал амфитеатар со своите тесни камени улички во стариот дел на градот.
Незначителен е трудот кој ќе го вложите, за да се искачите до замокот, од каде има неопислив поглед со зборови.Можноста да се искапите на прекрасните и пусти плажи на малиот остров Антипакси или пак да ги посетите сините морски пештери под карпите на Пакси, е секако несекојдневно доживување. Престојот во местото Гајос на Пакси и можноста да ја вкусите свежата морска храна во малите таверни или пак да си купите некој производ од домашното производство на маслиновото масло е секако уште едно искуство повеќе. Доколку во мирните и чисти води на Пакси успеете да сретнете и делфини, ќе биде само среќа повеќе за која вредело да одпатувате.
Престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува прекрасен летен одмор.
Сите плажи во Парга имаат кристално чисто море и зелена околина.
Валтос - долга и песочна плажа, една од најпопуларните меѓу туристите бидејќи има прекрасни таверни и барови. Погледот во кој посетителите може да уживаат е единствен-на левата страна тврдината, а на десната страна островите Паксос и Антипаксос. Валтос се наоѓа на 2 км од градот.
Крионери - "главната" плажа во Парга на само неколку метри од центарот на градот.На плажата има кафичи,продавници и таверни. Половина плажа е со песок, а другата половина е со камчиња,а водата е кристално чиста. Огромна атракција е и островот посветен на Богородица веднаш пред плажата. До островчето можете да стигнете со изнајмена педалина или дури со пливање. Писо Крионери е веднаш до Крионери(залив до залив се).На врвот на плажата/карпите има црква наречена Св.Атанасиос.Писо Крионери е помала од Крионери и со помалку гужва,но пак затоа има кристално чиста вода.

\r\n

 

\r\n

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди