Врати се назад

HRISTOS - NEIPORI

Грција / НЕИ ПОРИ

8

ВИЛА ХРИСТОС (Christos rooms)се наоѓа на околу 50 метри од плажа. Распoлага со трокреветни студија и петокреветни / шестокреветни апартмани и дуплекс апартмани сите лоцирани на втори кат. Секое студио/апартман има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Сместувањето е Б категорија. Опис: Студио – една просторија со кујна, брачен и единечен кревет. Апартман – две простории од кои во едната има кујна и брачен кревет и втората просторија во која има брачен и единечен кревет. Дуплекс апартман - со три простории, една спална со два брачни кревети, втора спална со брачен и единечен кревет и посебно кујна.

НЕИ ПОРИ е место, кое сеуште претставува најурбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пиериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа,  зелените појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, Картинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија, се само дополнителен мотиф за секој негов потенцијален гостин.

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди