Врати се назад

ELPIDA - PARGA

Грција / ПАРГА

8

термини
ноќевањa
1/2 студио
30.05.
7
150
06.06.
7
190
13.06.
7
240
20.06.
7
260
27.06,
7
280
04.07.
7
310
11.07.
7
340
18.07.
7
380
25.07.
7
380
01.08.
7
380
08.08.
7
380
15.08.
7
380
22.08.
7
330
29.08.
7
280
05.09.
7
220
12.09.
7
190
19.09.
7
150

ВИЛА ЕЛПИДАсе наоѓа во центарот на Парга (стариот дел) на 300 метри од градската плажа и од пристаништето. На 500 од Валтос плажата. Комплексот располага со двокревети студија на приземје. Студиjата се опремени со мини кујна, фрижидер, ТВ, купатило, балкон, сеф, клима (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi.

 

Ø ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања

Ø Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот

Ø Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

Ø Над дозволениот број, може, на дополнително барање (одобрување) да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со двајца возрасни

Ø Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот

Ø Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената

Ø Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

Ø За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин, попустот важи само на редовни цени.

Ø Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Ø Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Ø Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето

Ø Сместување во собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот

Ø Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Ø По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Ø Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата

Ø Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој

Ø Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата

Ø Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.

Ø За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

Ø При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.

Ø За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот

Ø Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

 

 

Цена за превоз:

v Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 35€

v Деца до 12 години 40€ / Еден правец 25€

v Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

 

Место и време на поаѓање:
- Скопје 00.30 ч. Холидеј Ин
- Велес 01.00 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
- Неготино 01.30 ч. бензинска пумпа Макпетрол
- Смоквица 01.45 ч. бензинска пумпа BWO петрол
- Гевгелија 02.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин

v Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време.

v Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

 



На брегот на Јонско море и Епир, помеѓу Превеза и Игуменица,се наоѓа прекрасното градче Парга. Опкружена со Лефкада на едната страна и островите Паксос и Антипаксос на другата страна, како и неизбежниот Крф, Парга денес е модерно летувалиште со богата туристичка понуда.
Поради специфичната положба Парга во минатото била мета на многу освојувачи – Венецијанци, Французите и секако Турците. Парга денес брои околу 3000 жители, кои се занимаваат најчесто со туризам, кои секоја година ги дочекуваат туристите од западна Европа.
Под остатоците на венецијанскиот замок, Парга потсеќа на мал амфитеатар со своите тесни камени улички во стариот дел на градот.
Незначителен е трудот кој ќе го вложите, за да се искачите до замокот, од каде има неопислив поглед со зборови.Можноста да се искапите на прекрасните и пусти плажи на малиот остров Антипакси или пак да ги посетите сините морски пештери под карпите на Пакси, е секако несекојдневно доживување. Престојот во местото Гајос на Пакси и можноста да ја вкусите свежата морска храна во малите таверни или пак да си купите некој производ од домашното производство на маслиновото масло е секако уште едно искуство повеќе. Доколку во мирните и чисти води на Пакси успеете да сретнете и делфини, ќе биде само среќа повеќе за која вредело да одпатувате.
Престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува прекрасен летен одмор.
Сите плажи во Парга имаат кристално чисто море и зелена околина.
Валтос - долга и песочна плажа, една од најпопуларните меѓу туристите бидејќи има прекрасни таверни и барови. Погледот во кој посетителите може да уживаат е единствен-на левата страна тврдината, а на десната страна островите Паксос и Антипаксос. Валтос се наоѓа на 2 км од градот.
Крионери - "главната" плажа во Парга на само неколку метри од центарот на градот.На плажата има кафичи,продавници и таверни. Половина плажа е со песок, а другата половина е со камчиња,а водата е кристално чиста. Огромна атракција е и островот посветен на Богородица веднаш пред плажата. До островчето можете да стигнете со изнајмена педалина или дури со пливање. Писо Крионери е веднаш до Крионери(залив до залив се).На врвот на плажата/карпите има црква наречена Св.Атанасиос.Писо Крионери е помала од Крионери и со помалку гужва,но пак затоа има кристално чиста вода.

\r\n

 

\r\n

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди