Врати се назад

ANEMOHADI - SIVIRI

Грција / СИВИРИ

8

СИВИРИ е мало крајбрежно место на западната страна од полуостровот Касандра. Во последните неколку години, тоа прерасна во развиена културна и туристичка дестинација. Во ова место, освен бројните сместувачки капацитети се наоѓаат и мноштво таверни во кои се служи свежа риба, морски плодови и традиционална скара. Главната културна атракција во Сивири, е обновениот амфитеатар познат и по својата врвна акустика. Со него и самото место, секое лето е домаќин на познатиот фестивал кој привлекува илјадници посетители. Добро организираната плажа е препознатлива по белиот песок совршен за сончање, а на истата можат да се изнајмат и повеќе чадори и лежалки за одмор. Морето е плитко и идеално за безбедно капење. Во Сивири има доволно маркети и проавници, а најблиската банка, аптека и здравствен центар се оддалечени само 5км, во блиската Касандрија.

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди