Врати се назад

VILA DINARA- FURKA

Грција / ФУРКА

8

Локација: Лоцирана на првата улица која се протега низ долгиот брег на Фурка, вилата воедно се наоѓа на само 50 метри оддалеченост од песочната плажа. Освен со својата модерна градба, овој објект може да се истакне и со своите убаво опремени трокреветни и четворокреветни студиа за сместување. Студијата имаат комлетно опремена кујна , клима уред кој е вклучен во цената . Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

ПРВИТЕ ТРИ СМЕНИ СЕ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ  И  НЕ СЕ ОДБИВА ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ !

     Градчето Фурка, веројатно за најголемиот број од туристите на Халкидики кои се прошетале долж двете страни на првиот крак, претставува едно од највпечатливите места кои ја дефинираат туристичка понуда на Касандра, со поглед кон заливот Термаикос и Солун. Иако не така експонирана, десната страна на Касандра (гледано кон морето) е сепак прекрасно дело на природата, која смело се поиграла со копното наспроти широчината на големиот залив и отвореното Егејско море. Градчето Фурка, како и многуте туристички места кои се нижат покрај оваа страна од првиот крак, е препознатливо по своите специфични географски карактеристики. Опкружено со пошумените страни на блиските ридови, положено покрај песочните плажи и синото море, ова место оддамна ги освоило своите први туристи. Добрата инфраструктура, организираните и квалитено изградени објекти за сместување, туристичките содржини на Фурка и ја дале карактеристиката за едно од најубавите места на десната страна од Касандpа.

\r\n

 

\r\n

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди