Врати се назад

VILA AGELIKI-PEFKOHORI

Грција / ПЕФКОХОРИ

8

Локација:  Се наоѓа на само 30м. од плажа, во непосредна близина на центарот.

Сместување:  трикреветни студиа, четирикреветни  и петкреветни апартмани.

Опрема: АПП - дневна соба со два единечни кревети, опремена кујна, одделна спална соба со два или три единечни кревети, бања, ТВ и две тераси.Студио – три единечни кревета, опремена кујна, ТВ, бања и две тераси. Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).Клима уред: Доплата на лице место 3€ од ден.

      Пефкохори се наоѓа на внатрешната страна на полуостровот Касандра, со прекрасен поглед на заливот Торонеос, а оддалечено е од Солун 107 км. Името го добил по богатата борова шума која го опкружува ( пефко – борово дрво; хорио – село ).Комбинацијата на зеленило и мирисот на боровите и тиркизно синото море, секако ќе допринесат за вашиот одмор да биде како од бајките. Освен тоа, Пефкохори го красат преубва црква, стариот плоштад, тесни улички со расцветани лимонови стебла, долга песочна плажа, осветлено шеталиште крај море, кое со првите вечерни часови потполно го меннува својот изглед. Тогаш станува центар на сите случувања, а за тоа допринесуваат и бројните таверни, рибни ресторани, пицерии и барови. Овде има се што може да ви затреба на вашиот одмор: бројни хотели, рент а кар агенции, супермаркети, продавници, амбуланта, аптека, пекара и пошта. За најмладите има салони за забава на деца, луна парк, игротека на отворено.Ако сакате да поминете одмор во кој ќе бидете ослободени од секојдневните обврски, да уживате во прекрасната песочна плажа, вкусот на грчката храна, мирисот на боровата шума, во звуците на морето, долги прошетки  тогаш Пефкохори е вашиот вистински избор.

\r\n

 

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди