Врати се назад

VILA CATRIN - SKALA POTAMIA

Грција / ТАСОС

8

На само 100м до најубавата плажа на островот Тасос, ве дочекува луксузната вила Катрин, сместена во прекрасно уреден двор со цвеќе и украсни дрвца, зеленило и мирис на цитрус. Студиата се модерно уредени со еден брачен лежај и софа на расклопување, комплетно опремена кујна, ТВ, клима уред, купатило, пространа тераса (10m2) со гарнитура за седење, тенда.

Тасос е најсеверниот остров на егејското море и е 10 километри одалечен од брегот.
Егзотичниот остров Тасос привлекува со изобилството на зеленило, белите прекрасни плажи, мирно тиркизно море, пријателски луѓе квалитетното вино и убавиот мед.
Неверојатно за Тасос е убавината на остатоците на античкиот град кои се вклопуваат во современиот град Лименас, исто така познат како Тасос Таун.
Тасос во грчката митологија е наречен како “остров на сирените”.Должината на брегот е околу 100Km што овозможува да го прошетате целиот остров и да ги посетите бројните плажи кои ќе ве остават без здив. Taсос е најблискиот остров до нашата територија (некаде околу 410km од Скопје)
Јужниот дел од островот е оној монденски дел каде се поживите селца – Лименарија, Потос, Псили Амос, но каде и да сте сместени задолжително посетете ги сите делови на островот.
Многубројните природни убавини боровите шуми, чистите песочни плажи и историјата се тие кои ке ве привлечат да го посетите овој преубав остров.

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди