Врати се назад

VILA ELENA NINA TASOS

Грција / ТАСОС

8

Вилата се наоѓа на 150 метри од најубавата плажа на островот Golden Beach. Во близина има супер маркет, таверни, а центарот на Скала Потамиа е на околу десетина минути пешачење. Опкружена е со голем двор во кој се поставени гарнитури за седење а има и тобоган за деца. Околу вилата има доволно места за паркинг за гостите кои доаѓаат со сопствен превоз. Вилата поседува wi-fi и клима уред (вклучен во цената). Апартманите се сместени на високо приземје и прв спрат и во секој од нив има ТВ, тераси и комплетно опремени кујни. Сите апартмани содржат брачен кревет во спалната соба и кревет на расклопување во кујната каде што може да се сместат двајца возрасни.

Тасос е најсеверниот остров на егејското море и е 10 километри одалечен од брегот.
Егзотичниот остров Тасос привлекува со изобилството на зеленило, белите прекрасни плажи, мирно тиркизно море, пријателски луѓе квалитетното вино и убавиот мед.
Неверојатно за Тасос е убавината на остатоците на античкиот град кои се вклопуваат во современиот град Лименас, исто така познат како Тасос Таун.
Тасос во грчката митологија е наречен како “остров на сирените”.Должината на брегот е околу 100Km што овозможува да го прошетате целиот остров и да ги посетите бројните плажи кои ќе ве остават без здив. Taсос е најблискиот остров до нашата територија (некаде околу 410km од Скопје)
Јужниот дел од островот е оној монденски дел каде се поживите селца – Лименарија, Потос, Псили Амос, но каде и да сте сместени задолжително посетете ги сите делови на островот.
Многубројните природни убавини боровите шуми, чистите песочни плажи и историјата се тие кои ке ве привлечат да го посетите овој преубав остров.

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди