ИСТАНБУЛ 8 ДЕКЕМВРИ


 

Истанбул 

 

царската престолнина на два континенти

 

 

Автобус 4 дена / 2 ноќевања

 

 

04 Декември (Петок) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 15:00 часот. Тргнување за Истанбул во 15:30 часот. Се патува преку Р.Бугарија – граничен премин Деве Баир со попатни паузи. Ноќно возење.

 

05 Декември (Сабота) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија, Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини...Посета на Вселенската патријаршија. Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Потоа, предлагаме факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот.Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар - Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Продолжуваме кон WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL, најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул, на Азиската страна, отворен во 2017 год. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

 

06 Декември (Недела) ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ И МИНИЈАТУРК

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Продолжуваме кон Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал. Можност да се вкуси традиционална турска баклава и чај. Потоа, факултативно - посета на МИНИАТУРК - минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25… Попладнето, предлагаме факултативна посета на Кула Галата симболот на Цариград, изградена во 528 год. за време на Јустинијан. Кулата е со кружна основа, сместена врвот на ридот нпомежу Златен Рог и Босфор. Обновена е во 1990 година и од тогаш е отворена за посетители. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balik ekmek (риба во леб) на Еминону, (метро – трамвај). Ноќевање.

 

07 Декември (Понеделник) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок и напуштање на хотел. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители...Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни... Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р.Бугарија со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови .

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 4.900 денари (79 евра)

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ü Превоз со модерен туристички автобус

ü Сместување во хотел со 3*** на база 2 ноќевања со појадок

ü Посета на Аја Софија

ü Посета на Сина Џамија

ü Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø Панорамски разглед на Истанбул 10 евра

Ø Крстарење со брод по Босфор 20 евра

Ø Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра

Ø Посета на Азискиот дел Ускудар - Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 15 евра

Ø Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 30 евра

Ø Минијатурк 10 евра

Ø Кула Галата 15 евра

Ø Влезници во локалитетите Топ Капи 20 евра

Ø Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 евра

Ø Доплата за 1/1 соба 1.860 денари

Ø Задолжително патничко – здравствено осигурување

 

 

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на Оскар Травел Сервис.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд

Т.А.Оскар Травел Сервис го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. . Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите попрограмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!


Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето