ВАЖНО СООПШТЕНИЕ
Известување за патниците кои имаат резервирано и уплатено аранжмани за претстојниот период
Почитувани,
Поради неизвесноста од пандемијара со COVID-19 во однос на понатамошните патувања, Ве известуваме дека за веќе резервираните аранжмани Ви следува вредносен ваучер.
Во продолжение Ви го пренесуваме соопштението за издавање ваучери.
СООПШТЕНИЕ
Почитувани патници,
Имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, поради прогресивното ширење на коронавирусот (COVID – 19), како и препораките на Владите ширум светот поддржани од меѓународните институции, туристичката агенција Оскар Травел Сервис, ги следи препораките и истите се со цел да Ве информираме дека сите туристички аранжмани за престојните патувања односно дека сите летни аранжмани за престојната сезона – лето 2020 година, за сите дестинации надвор од РСМ, заклучно со 2020 година, се целосно откажани за реализација од страна на туристичките агенции. Тоа значи дека станува збор за генерална одлука.
( Се додека не се создадат услови за повторно патување ).
Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат и на сите останати патници, кои имаа уплатени туристички аранжмани за 8 ми март и пролетните патувања кои беа предвидени за реализација пред прогласување на вонредната состојба, како и за сите веќе откажани патувања во време на траење на вонредната состојба (од 16 март 2020 година).
Владата на Р.С.Македонија на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба. Законот за туристичката дејност („Службен весник на Република Македонија бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14, 116/15, 192/15, 53/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 31/20), ќе се применува за време на траење на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.
Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.
За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.
Никој повеќе од нас не сака да продолжат патувањата, што се есенција на нашите бизнис. Загубите кои ги броиме се огромни за нас, но ова е време кога ЗДРАВЈЕТО на сите Вас и нас е поважно од сe'. Затоа ги следиме и целосно ги почитуваме препораките на Светската здравствена организација и Владата на нашата држава.
Со почит,
Оскар Травел Сервис.