БУКУРЕШТ и Трансилванија – 8ми МАРТ >>

05.03.2020 четврток – Скопје /Букурешт

Собир на групата кај Дрво Декор на паркингот наспроти Хотел Холидеј Инн, во 17:30 часот. Поаѓање кон Романија во 18:00часот. Ноќно возење преку Бугарија до Букурешт.

06.03.2020 петок –Букурешт

Очекувано пристигнување во утринските часови, по што веднаш се упатуваме на разглед на Букурешт со локален водич.

Плоштадот на Револуцијата

Во 10 часот одиме на разглед на Букурешт со водич. Плоштадот на Револуцијата е почетното место на нашата тура од кое се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.

Calea Victoriei

Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.

Куртија Веке

Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti. Се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.

Парламентот

Собирање на групата на договорено место и продолжување кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. 15 мин. слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.

Сместување во хотел. Слободно време за одмор.

Вечерта – Организирана прошетка со превоз и придружник во стариот дел на градот популарен по многубројните барови и кафулиња. (Факултатива – 5 евра)

Ноќевање

07.03.2020 сабота – Замокот Пелеш, Замокот Бран и Брашов

По појадокот се упатуваме кон замокот Пелеш.

Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновековна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал. Комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот. Потоа одиме во другиот Замок на Трансилванија.

БРАН  “домот на Дракула” (влезница регуларна цена 40 lei или 9 евра; за студенти 25 lei или 6 евра )

Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург. По дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

По разгледот на Бран  продолжуваме  кон готскиот град Брашов, лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.

Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242год.

Слободно време за прошетка.

После прошетката се упатуваме кон Букурешт, пристигнување во хотел во доцните вечерни часови. Ноќевање

08.03.2020 недела Термални бањи или шопинг центар

Појадок и напуштање на собите. Овој ден е идеален празнично секоја дама да ужива во најубавиот спа центар со термални води во Европа.

Околу 10 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи  кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот.

Дозволете си едно поинакво утро и 3 часовно целосно опуштање во Термалните Бањи.

Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за да  избегнете од секојдневниот градски живот.

За сите останати што нема да ги посетат Термалните бањи имаат слободно време во  трговскиот центар за шопинг.

Поаѓање за Македонија во 14:00ч.

Очекувано пристигнување во Скопје, после полноќ на 09.03 понеделник.

Цена за резервации до 15.02.2020 год: 6.760,00 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 евра (8.000,00 мкд)

Аранжманот БУКУРЕШТ и мистичната Трансилванија вклучува:

  • Автобуски превоз Скопје – Романија – Скопје
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел Анди Букурешт 3* /или Хотел Сир Орхидеа 2*
  • Разглед на градот – Букурешт со водич
  • Пратител и организација на патувањето

Аранжманот БУКУРЕШТ и мистичната Трансилванија не вклучува:

  • Факултативна вечерна организација (прошетка низ стариот дел на градот, со организиран превоз и придружник) – 5€
  • Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 40 леи за студенти 25 леи) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 35€ – студенти 30€
  • Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (30 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
  • Патничко осигурување – 200 мкд.

ЗАБЕЛЕШКИ:

  • Организиран превоз од Велес, Штип, Кочани – бесплатно
  • Организиран превоз од Охрид, Битола , Прилеп, Росоман (за Кавадарци и Неготино) – доплата 5 евра