НОВА ГОДИНА 2020 Париз >>

П А Р И З   4НП – NY 2020

28.12.2019 – Скопје – Виена

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 15.11.2019: 279 € / 17.300 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 € / 18.540 денари


29.12.2019 – Виена - Прага

Состанок на групата во 10.30 ч. на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 11.00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење.

Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св. Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативна посета на пивница со традиционална вечера и шоу програма (со локален автобус). Ноќевање.

30.12.2019 – Прага - Париз

Појадок. Претпладне, панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град - Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. По разгледот, препопрачуваме крстарење по реката В’лтава. Слободно попладне. Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

31.12.2019 - Париз

Во утринските часови пристигнување во Париз - најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Препорачувме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља, Универзитетската четврт, Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот, Домот на Инвалидите, Елисејските полиња, Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Дочек на Нова Година 2020 на Елисејските полиња.  Враќање во хотел .Ноќевање.

01.01.2020 - Париз - Версај

Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич: Кралскиот Париз.  Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Ноќевање.

02.01.2020 – Лувр - Минхен

Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр.  По посетата на Лувр, можност за организирана прошетка низ најпознатата париска авенија  Шанзелизе а потоа и прошетка по футуристичкиот кварт на Париз – Дефанс. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.     

03.01.2020 - Минхен

Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Сместување во хотел. Слободно попладне… Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ (пиво и свински коленици). Ноќевање.       

04.01.2020 – Салзбург

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел: Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија.

05.01.2020 - Скопје

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.   

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага (околина)
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Париз (околина)
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен (околина)
  • Прошетка низ Виена
  • Прошетка низ Минхен
  • Прошетка низ Салзбург
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер во еден правец на 28.12, од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 

* Трансферот може да биде во раните утрински часови,

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 315 денари
  • Разглед на Прага со локален водич 10 €
  • Крстарње по Влтава 15€
  • Разглед на Париз со локален водич 15 €
  • Версај(превоз,влезница,лок водич) 50 €

(задолжителна резервација при уплата)

  Лувр(влезница) 30 € (задолжителна резервација при уплата)

  • Крстарење по Сена 20€
  • Срцето на Париз 10€
  • Дизниленд -цена за влезница + 20€ превоз
  • Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
  • Доплата за еднокреветна соба 6.200 ден

 НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ФАЛКОН ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.

 

 Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

За реализација на овој аранжман и факултативните излети потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови за Патување на Оскар Травел серис и СКТМ