БАНСКО - ОРГАНИЗИРАНО ПАТУВАЊЕ

 

Апартхотелот Ројал Банско се наоѓа на 15 минути пешачење до ски гондолата и е во близина националниот парк ПИРИН кој е заштитен под Унеско.
Апартхотелот располага со: затворен базен, ресторан, мини бар, сауна, парна бања, фитнес сала, просторија за деца, ски гардеробер, паркинг простор и интернет. Користењето на овие услуги се бесплатни.
Во однос на сместувачките капацитети располага со: студиа, едноспални и двоспални апартмани. Во дел од сместувачките капацитети има балкони и кујна, во дел нема. Во лобито има камин како и биљард каде што можете да одиграте една партија после цел скијачки ден поминат на некои од бачилата
Повеќе информации за апартхотелот на следниот линк http://royalbansko.info/

Хотелот ги исполнува сите услови за одличен викенд во Банско, каде може да се запознаете со многу луѓе, да се дружите за време на ноќни излегувања, да уживата во близината на хотелот до најважните места во Банско и најважно од се е да заштедите пари.

Ден 1

Собир на групата на Дрво декор и поаѓање за Банско во 06:00ч наутро. По пристигнувањето и сместувањето во хотел, слободно време за релаксација.Check in:14:00 часот по локално време.16:00ч – разглед на градот, знаменитостите и локалите.Вечера во хотелот.Moжност за посета на диско или паб (во договор со водич).Ноќевање.

Ден 2

Појадок. Факултативна посета на Бандеришка Полјана. Вечера во хотелот. Moжност за посета на диско или паб (во договор со водич). Ноќевање.

Ден 3

Појадок.

Во 11:30ч по локално време се напуштат апартманите. Поаѓање кон Македонија во договор со водич. Пауза на МЕТРО за ручек и шопинг.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови

 

Термини Ноќевања Редовна цена  
       
       
09.01-12.01 3 119€  
16.01-19.01 3 119€  
24.01-26.01 2 89€  
31.01-02.02 2 89€  
07.02-09.02 2 89€  
14.02-16.02 2 89€  
21.02-23.02 2 89€



За резервација е потребна уплата на депозит во висина од 30% од вкупната сума.
Цените  се изразени по лице на база полупансион HB (појадок+вечера )

Во цената на аранжманот е вклучено:
-Превоз на релација Скопје – Банско – Скопје
-2 ноќевања на база полупансион (појадок+вечера )
-Користење на СПА центар (базен, сауна и парна бања) фитнес сала и просторија за деца)
-Водич за време на престојот
-Секојдневна организација за време на престојот:
-За патниците кои не скијаат се организира дневна кафе шема на „Бачило“ со автобуски превоз.
-Ноќни излегувања во локалните дискотеки и пабови
-Уште многу изненадувања во хотел

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Патничко осигурување (1 евро од ден по лице) -Се плаќа во агенција
-Факултативни излети (Бачило)- Се плаќа во автобус
-Туристичка такса (едно евро од ноќ по лице) – Се плаќа во автобус

Напомени и доплати:

-Дете од 0 – 2.99 години- БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ
-Дете од 3 до 11.99 години, на дополнително лего, се плаќа 50% од редовната сума
-Возрасен и дете до 11.99 години во апартман, се плаќа целосна сума за дете
-За сопствен превоз се одбива 10е за возрасен по лице.