8ми МАРТ - АЗУРЕН БРЕГ >>

1 ден 06.03.2020 СКОПЈЕ - МИЛАНО   

Состанок на групата во 9 30ч. Поаѓање во 10:00 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 07.03.2020 МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор, се упатуваме на организиран разглед на градот (факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.2020 МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови и започнуваме со прошетка низ стариот дел на Ница: кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата... Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки...   Ноќевање.

4 ден 09.03.2020 НИЦА – АНТИБ – КАН

Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, а потоа продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината...   Враќање во Ница во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање

5 ден 10.03.2020 МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна факултативна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време за посета на казината. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден 11.03.2020 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2020: 199€/ 12.340 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219/ 13.580 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • сместување во Ница во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
  • разглед на Ница
  • Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар
  • организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување (групно, без франшиза) - 210денари ( до 64 години )
  • Разглед на Милано со локален водич – 10€
  • Посета на Ез, Монако и Монте Карло- 25€
  • Посета на Кан и Антиб - 35€
  • Туристичка такса во Милано ( 5€/310ден по лице на ден) – се плаќа во агенција
  • Туристичка такса во Ница (1,5€/90ден по лице на ден) – се плаќа во агенција
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари