8ми МАРТ– Белград, Нови Сад и Шумадија>>

Термин 06.03.-08.03.2020

1 Ден: 06.03.2020- Петок

Состаник на групата во 02.30час на Дрво Декор. Тргнување за Белград во 03.00час, возење преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Белград околу 10 часот и се упатуваме на разглед на градот со локален водич: (Булевар Револуција, Собранието, плоштад Никола Пашиќ, Теразије, Кнез Михајлова, црквата Св.Сава, Калемегдан, Скадарлија...).

По завршувањето на разгледот сместување во хотел. Слободно време.

Ноќевање.

2 Ден: 07.03- Сабота

Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативна екскурзија во Нови Сад. Разглед на градот со водич (Театарот, Плоштадот на Слободата, катедралата “Имена Маријаниног“, улицата Змај Јовина, Владичански двор- најзначајното архитектонско дело во Нови Сад, Соборната црква Св. Великомаченик Ѓеорѓие, Музеите на Нови Сад и Војводина, Дунавски парк, мостот на Дунав, Петроварадинската тврдина). Враќање во хотел. Вечерта можност за факултативна вечера на Скадарлија.

Ноќевање.

3 Ден: 08.03- Недела

Појадок. Одјавување од хотел и продолжување на патот кон Аранѓеловац со задолжителна ескурзија (од 5еур) низ Шумадија.

Посета започнува со Топола, место во непосредна близина на Аранѓеловац.  Во Топола бил Караџорџев град подигнат 1811-1813 година, Караџорџе овде ја гради црквата Пресвета Богородица каде што внатре се наоѓаат гробниците на неговата Династија. Од овде се упатуваме во  посета на локална винарија. Овој дел е познат по производство на вино и ќе може да го вкусиме истото. Ќе ја посетиме и пештерата Рисовача, значајно археолошко и палеонтолошко наоѓалиште во Аранѓеловац и Народниот Музеј. Слободно време за ручек во Аранѓеловац

Во попладневните часови заминување кон Македонија со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

ПРОМО  ЦЕНА  79евра/  4.900мкд до 15.02.2020

Цена на аранжманот  89евра /  5.520мкд

 

Аранжманот вклучува:

  • - Автобуски превоз
  • - 2 ноќевања со појадок во хотел-брод Compass River City 3*
  • - Разглед на Белград со локален водич
  • - Пратител и организација на патувањето

Аранжманот не вклучува:

  • - Посета и разглед на Нови Сад со локален водич – 15 евра
  • - Задолжителна посета на Шумадија (Топола, Винарија и Аранѓеловац)- 5 евра
  • - Влезници во историски знаменитости и индинидуални трошоци
  • - Задолжително патничко осигурување.