УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

 

Врз основа на член 123 став  од уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија'' бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и ,, Службен весникна Република Северна Македонија'' бр. 98/19)Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 24 март 2020година, донесе :

 

УРЕДБА

СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА

ТУРИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА 

 

 Член 1

Законот за туристичката дејност (,, Службен весник на Република Македонија, бр. 62/04, 29/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14, 116/15, 192/15, 53/16 и ,, Службен весник на Република Северна Македонија" 31/20), ќе се применува за времена траење на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

За начинот на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за откажаните туристички аранжмани за време на трарење на вонредната состојба, се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Член 2

Туристичките агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот за туристичкиот аранжман.

Ваучерите ќе се издаваат во три примероци со рок на важење до 31.12.2021 година.

 

Член 3

Начинот на издавање на Ваучер од член 2 на оваа уредба со законска сила ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција и корисникот на ваучерот кои ќе се договорат за : дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот.

Вредноста на ваучерот ќе биде во ист износ колку што бил аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба.

Член 4

Туристичките агенции пред да донесат одлука за престанок на вршење на дејноста, три месеци од денот на престанок на трањње на вонредната состојба се обврзани да ги уплатат средствата за аранжманот на корисникот на ваучерот.

Член 5

На туристичките агенции кои нема да постапат согласно членовите 2,3 и 4 од оваа уредба со законска сила, ќе им се изрече:

Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противредност за прекршок на правното лице, микро трговец.

Глоба во износ од 2.000 до 5.000 евра во денарска противвредност на правното лице, кое е мал трговец.

Глоба во износ од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност на правното лице, кое е среден трговец.

Глоба во износ од 8.000 до 10.000 евра ви денарска противвреднос на правното лице, кое е голем трговец.

Глоба во износ од 500 до 1.000 евра ви денарска противвредност ќе се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршок на членовите 2,3 и 4 од оваа уредба.

Член 6

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во ,, Службен весник на Република Северна Македонија''.

 

БР. 44-2438/1                                                                                                                                                                   

24март 2020година.                                                                                                                                                            

Скопје.                                                                                                                                                                                     

                                                                                                                                                                                             

 ЗАМЕНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ 

НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

м-р Радмила Шекеринска Јанкова