БЕРОВО - ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ ЛЕТО 2020

 ХОТЕЛ МАНАСТИР - БЕРОВО

 

Во подножјето на Малешевските планини во областа Малешевија на надморска висина од околу 900 метри се наоѓа градот Берово.  Малешевијата е еден од најчистите и незагадени региони во Македонија и таа се одликува  со уникатна комбинација од речиси недопрена природа, големо културно и историско наследство, фолклор и занаетчиство и најголема концентрација на кислород во воздухот на Балканот. Пријатната клима и еколошко - здравата храна, го прави овој крај идеално прибежиште за одмор, гастрономско уживање, релаксација и рекреација.

 Хотел Манастир се наоѓа на излезот од Берово, на 5 км одалеченост од езерото. Хотелот  располага со 30 соби,  СПА содржини, две летни тераси, терен за тенис, терен за одбојка, фитнес сала, две комплетно опремени сали за состаноци,  детско игралиште и секако надгледуван паркинг простор. Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и mount-biking, како и за оние кои бараат авантури и предизвици.

  1 ЛИЦЕ 2 ЛИЦА 3 ЛИЦА  4 ЛИЦА
СТАНДАРД СОБИ 30 евра 40 евра 50 евра  
Соседни СТАНДАРД СОБИ 30 евра 40 евра 60 евра 75 евра
СТУДИО 35 евра 50 евра 60евра  
Супериор Соби * / ** 40 / 45 евра 55 / 60 евра    
Апартман Двособен 45 евра 60 евра 75 евра  
Апартман Супериор 50 евра 70 евра 90 евра  105 евра

Ø Менито за оброците вклучува специјалитети приготвени според  локални рецепти од домашни продукти, произведени во еколошкиот  Малешевски крај.

  • За појадок се послужува стандард шведска маса, надополнета со месени, млечни и други локални специјалитети:
  • баница, пишии, јуфка, урда, ајвар, пинџур, овчо сирење со пиперки, слатко од диви шумски плодови, печена тиква, домашен бел и р’жан леб......
  • Менито за ручек или вечера се состои од:

 Избор од разни видови супи за ручек 

 Салатите се спремаат на повеќе начини користејќи локални градинарски продукти и шумски плодови , збогатени со млечни производи од малешевското поднебје.

 Главното јадење може да биде избор од Малешевска тава (со свинско,телешко или пилешко месо), клиси на тава, клиси со праз, свинска плешка, ребро или врат приготвени под вршник, полнети беровски компири, полнети тиквици, качамак со ребра, и други стандардни оброци припремени на повеќе начини од телешко и пилешко месо. Од артикли за скара на жар покрај стандардното месо, може да се избере - Дедо Иљова и Малешевска плескавица како и колбас јатаган...

 Прилозите за главното јадење се најчесто од градините и нивите на локалните производители.

  • Десертот е избор од бабина торта со слатко од шумски плодови, слатко од Беровска слива, палачинка ала манастир, сутлијач со јаболка, тиквеник, кох, пита од сливи, пита од јаболка и други локални колачи.
  • Во договор со Вас, заедно можеме да организираме различни активности, излети, како и посета на историски, културни, верски, природни и други знаменитости на малешевијата, со обезбеден водич, на пример:
  • ручек на бачило
  • посета и ручек на рибник
  • јавање на коњи
  • посета на пехчевски водопади
  • прошетка/планинарење по малешевските планини
  • посета на локалните цркви, манастирот св.архангел михаил и градскиот музеј
  • караоке забава
  • припрема на оброк од самата група на ресторанската тераса со фурна
  • фолкорен и/или плех музика перформанс
  • Согласно со претходно утврден договор, Тимот на Хотел Манастир ќе пристапи кон реализирање на сите ваши желби и барања.
  • Сите дополнителни услуги кои не се валоризирани во понудата се наплаќаат по ценовник или во договор со менаџерот.

 

 

 

ВИП Хотел - Берово 

Oснован во 2010 година, изграден во модерен стил и е лоциран до самото езеро, со прекрасен поглед на околните шуми и зелените планини во близина на Берово, Македонија. Фирмата под која го раководи својот бизнис е основана во 1989 година.
Се наоѓа до самото езеро, со прекрасен поглед на околните шуми и зелените планини па доколку сакате да избегате од градската врева, стресното секојдневие, сообраќајниот метеж, и барем за кратко да им се вратите на мирот, спокојството и природата во Македонија, испланирајте викенд на Беровско езеро. Берово е сместено во Малешевијата, на крајниот источен дел на Македонија, на двата брега на реката Брегалница.
Уживајте во локалната гледка од Вашата соба. Модерна декорација, туш кабина и кревет со мека покривка, прекрасната панорама и кристално чистиот воздух, ќе придонесат за Ваш комплетен одмор и релаксација.

Секоја од собите е опремена со модерните удобности како што се следниве:
♦ Крпи ♦ Фен ♦ Кабловски/сателитски ТВ канали ♦Туш кабина и тоалет ♦ 20 инчен или поголем телевизор ♦ Повеќето од собите се со прекрасен балкон или тераса.

СОБА по соба / ден 1НП  
1/1 Соба 1 100,00 денари   
1/2 соба поглед планина 1 500,00 денари  
1//2 соба поглед езеро 1 700,00 денари  
1/3 соба поглед езеро  2 060,00 денари  
1/4 соба поглед езеро  2 400,00 денари  

 

Во цената е вклучено :

  • 1 ноќевање со појадок / по соба / по ден.
  • ДДВ и туристичка такса
  • Деца до 2 години се сместуваат БЕСПЛАТНО со двајца возрасни
  • Деца од 2 - 10 години плаќаат 50% од сумата и добирват свое легло и појадок.