За Нас

Драги Патници

Туристичката агенција e основана во 1995 година од Г-дин. Мате Бошкоски, кој и претходно имал долгогодишно искуство во туристичкото работење во реномирани туристички агенции. Во дејноста на Оскар Травел Сервис опфатен е комлетен туристички сервис со широка лепеза на услуги како што се: летувања, зимувања, авионски билети, конгреси, семинари, екскурзии, саеми, спортски настани и други услуги.

Долгогодишното искуство во туристичкото работење како и ентузијазмот кај сите вработени ќе придонесат Вашето патување/одмор да биде токму како што сте го замислиле. Контактирајте не и ние ќе Ви ги реализираме соништата.

Нас

Особено ќе ни причинува задоволство ако Вие ни го доверите Вашето патување/одмор во наши раце, за чие реализирање ќе се потрудиме да биде изведено со највисок квалитет. По вашиот избор на услугата и понатаму остануваме со Вас, нудејќи Ви ги сите потребни информации и помош, како пред, така и за време на услугата.

Ние сме тука да ви помогнеме при планирањето на Вашето патување. Благодарение на достапноста на доверливите и потврдени информации би сакале да ви обезбедиме комплетно задоволство во патувањето, бидејќи Задоволството во патувањето има име : ОСКАР ТРАВЕЛ СЕРВИС