Врати се назад

ВИЛА МАГИЈА - ПАРГА

Грција / ПАРГА

8

ПЕРИОД
НОЌЕВАЊА
1/2 СТУДИО
1/3 СТУДИО
16.05-23.05.17*
7 ПРОМО
69 €
79 €
23.05-30.05.17*
7 ПРОМО
99 €
109 €
30.06-06.06.17
7
180 €
200 €
06.06-13.06.17
7
240 €
260 €
13.06-22.06.17
9
360 €
380 €
22.06-01.07.17
9
400 €
430 €
01.07-10.07.17
9
440 €
480 €
10.07-19.07.17
9
480 €
520 €
19.07-28.07.17
9
520 €
580 €
28.07-06.08.17
9
520 €
580 €
06.08-15.08.17
9
520 €
580 €
15.08-24.08.17
9
520 €
580 €
24.08-02.09.17
9
500 €
540 €
02.09-09.09.17
7
400 €
440 €
09.09-16.09.17
7
360 €
380 €
16.09-23.09.17
7
240 €
260 €
23.09-30.09.17
7 ПРОМО
99 €
109 €

ПАРГА –градче кое се наоѓа во приморскиот дел на Епир, на Јонско море, 60 километри од Јанина и 540 километри одалечено од Скопје. Денес Парга е најпознатото летувалиште во таа област. Интересно за Парга е дека влече корени од античко време, а големи влијанија имаат и западната цивилизација и култура. Жителите се пријатни, во нивниот дух ќе го осетите големото вилајнието на венецијанска култура, британската прецизност и турската гостопримливост.  Денес Парга е комплетно летувалиште каде секој ќе пронајде по нешто за себе: две градски плажи, долгото шеталиште покрај море, плажата Валтос- одалечена околу 20 мин. пешачење, плажата Лихнос, старата градска тврдина која датира од 14 век, голем избор на еднодневни излети до островите Крф, Паксос, Антипаксос, Лефкада...

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

Во одредени капацитети над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6години во кревет со родител.

  • Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
  • Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01.00часот, поаѓање во 01.30часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цена.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена.Напомена: понудата важи само на редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе

на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира

  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Сместување во собите е по 14 часот по локално време, а напуштање на истите е во 09 часот.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте на плажа или надвор од собата
  • Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи, поради кои НЕ можаe да откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.


Превоз за возрасен 50 евра / Еден правец 35 евра
Доплата за превоз:                                                                   

  • деца до 12години 40 евра / Еден правец 25 евра
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно


На брегот на Јонско море и Епир, помеѓу Превеза и Игуменица,се наоѓа прекрасното градче Парга. Опкружена со Лефкада на едната страна и островите Паксос и Антипаксос на другата страна, како и неизбежниот Крф, Парга денес е модерно летувалиште со богата туристичка понуда.
Поради специфичната положба Парга во минатото била мета на многу освојувачи – Венецијанци, Французите и секако Турците. Парга денес брои околу 3000 жители, кои се занимаваат најчесто со туризам, кои секоја година ги дочекуваат туристите од западна Европа.
Под остатоците на венецијанскиот замок, Парга потсеќа на мал амфитеатар со своите тесни камени улички во стариот дел на градот.
Незначителен е трудот кој ќе го вложите, за да се искачите до замокот, од каде има неопислив поглед со зборови.Можноста да се искапите на прекрасните и пусти плажи на малиот остров Антипакси или пак да ги посетите сините морски пештери под карпите на Пакси, е секако несекојдневно доживување. Престојот во местото Гајос на Пакси и можноста да ја вкусите свежата морска храна во малите таверни или пак да си купите некој производ од домашното производство на маслиновото масло е секако уште едно искуство повеќе. Доколку во мирните и чисти води на Пакси успеете да сретнете и делфини, ќе биде само среќа повеќе за која вредело да одпатувате.
Престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува прекрасен летен одмор.
Сите плажи во Парга имаат кристално чисто море и зелена околина.
Валтос - долга и песочна плажа, една од најпопуларните меѓу туристите бидејќи има прекрасни таверни и барови. Погледот во кој посетителите може да уживаат е единствен-на левата страна тврдината, а на десната страна островите Паксос и Антипаксос. Валтос се наоѓа на 2 км од градот.
Крионери - "главната" плажа во Парга на само неколку метри од центарот на градот.На плажата има кафичи,продавници и таверни. Половина плажа е со песок, а другата половина е со камчиња,а водата е кристално чиста. Огромна атракција е и островот посветен на Богородица веднаш пред плажата. До островчето можете да стигнете со изнајмена педалина или дури со пливање. Писо Крионери е веднаш до Крионери(залив до залив се).На врвот на плажата/карпите има црква наречена Св.Атанасиос.Писо Крионери е помала од Крионери и со помалку гужва,но пак затоа има кристално чиста вода.

\r\n

 

\r\n

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди