Врати се назад

ВИЛА КРИСА И ТЕО - ПАРГА

Грција / ПАРГА

8

ПАРГА –градче кое се наоѓа во приморскиот дел на Епир, на Јонско море, 60 километри од Јанина и 540 километри одалечено од Скопје. Денес Парга е најпознатото летувалиште во таа област. Интересно за Парга е дека влече корени од античко време, а големи влијанија имаат и западната цивилизација и култура. Жителите се пријатни, во нивниот дух ќе го осетите големото вилајнието на венецијанска култура, британската прецизност и турската гостопримливост.  Денес Парга е комплетно летувалиште каде секој ќе пронајде по нешто за себе: две градски плажи, долгото шеталиште покрај море, плажата Валтос- одалечена околу 20 мин. пешачење, плажата Лихнос, старата градска тврдина која датира од 14 век, голем избор на еднодневни излети до островите Крф, Паксос, Антипаксос, Лефкада...

 

ВИЛА КРИСА И ТЕО се наоѓа на самиот влез во Парга, на 250метри од градската плажа и 300метри од центарот. Располага со трокревети и четворокреветни студија и дуплекс апартмани (две соби со по 2 кревети, секоја со бања и заедничка кујна). Секое студио/апартман е со балкон (или дел од двор), комплет опремена кујна, ТВ, клима (се доплаќа 4евра на ден) и Wi-Fi.  

На брегот на Јонско море и Епир, помеѓу Превеза и Игуменица,се наоѓа прекрасното градче Парга. Опкружена со Лефкада на едната страна и островите Паксос и Антипаксос на другата страна, како и неизбежниот Крф, Парга денес е модерно летувалиште со богата туристичка понуда.
Поради специфичната положба Парга во минатото била мета на многу освојувачи – Венецијанци, Французите и секако Турците. Парга денес брои околу 3000 жители, кои се занимаваат најчесто со туризам, кои секоја година ги дочекуваат туристите од западна Европа.
Под остатоците на венецијанскиот замок, Парга потсеќа на мал амфитеатар со своите тесни камени улички во стариот дел на градот.
Незначителен е трудот кој ќе го вложите, за да се искачите до замокот, од каде има неопислив поглед со зборови.Можноста да се искапите на прекрасните и пусти плажи на малиот остров Антипакси или пак да ги посетите сините морски пештери под карпите на Пакси, е секако несекојдневно доживување. Престојот во местото Гајос на Пакси и можноста да ја вкусите свежата морска храна во малите таверни или пак да си купите некој производ од домашното производство на маслиновото масло е секако уште едно искуство повеќе. Доколку во мирните и чисти води на Пакси успеете да сретнете и делфини, ќе биде само среќа повеќе за која вредело да одпатувате.
Престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува прекрасен летен одмор.
Сите плажи во Парга имаат кристално чисто море и зелена околина.
Валтос - долга и песочна плажа, една од најпопуларните меѓу туристите бидејќи има прекрасни таверни и барови. Погледот во кој посетителите може да уживаат е единствен-на левата страна тврдината, а на десната страна островите Паксос и Антипаксос. Валтос се наоѓа на 2 км од градот.
Крионери - "главната" плажа во Парга на само неколку метри од центарот на градот.На плажата има кафичи,продавници и таверни. Половина плажа е со песок, а другата половина е со камчиња,а водата е кристално чиста. Огромна атракција е и островот посветен на Богородица веднаш пред плажата. До островчето можете да стигнете со изнајмена педалина или дури со пливање. Писо Крионери е веднаш до Крионери(залив до залив се).На врвот на плажата/карпите има црква наречена Св.Атанасиос.Писо Крионери е помала од Крионери и со помалку гужва,но пак затоа има кристално чиста вода.

\r\n

 

\r\n

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди