Врати се назад

HOTEL PERUN LODGE 4* - BANSKO

БУГАРИЈА / БАНСКО

Веб страна: www.perunlodge.com
8

Локација : 350 м од жичарницата.

Хотелот се наоѓа во срцето на Банско. Располага со едноспални апартмани, студија, мазонети со една спална. Се состои од основен ресторан, зимска/летна градина, лоби бар, пијано бар, конференциска сала, паркинг, гаража, интернет, детски кат, ски гардеробер.
СПА Центар : затворен базен, надворешно и внатрешно џакузи, фитнес, сауна, масажи, парна бања, амам.

 

Како главни обележја се неговите природни убавини преточени преку националниот парк, а не помалку значајни се и старите населби со традиционална архитектура, долгата традиција и историја преточени и дополнети со нови хотелски комплекси и инфраструктура. Сите овие обележја го прават Банско да биде еден од најпосакуваните и најпрестижните скијачки ресорти во Источна Европа.

Во градот има бројни менувачници, неколку поголеми маркети, повеќе продавници за сувенири и луѓе кои продаваат разноразни антиквитети на плоштадот , како и продавници за зимска опрема и облека.

Во однос на рекреативниот скијачки центар во Пирин, Банско лежи на надморска височина од 9625 м и располага со 17 скијачки патеки во должина од 75 км и 27 ски – лифтови. Највисока точка на ски – центарот е 2560 м, а најниската е 1000 м.