Врати се назад

VILA COFRY - NEA FLOGITA

Грција / НЕА ФЛОГИТА

8

Вила КОРФУ е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел Корфу, и на околу 50 м. од плажата. Располага со четворокреветни и петокреветни апартмани и четворокреветни студија, пространи, модерно дизајнирани, со комплетно опремена кујна, WC, клима (вклучена во цената), и пространи тераси.

Неа Флогита е прекрасно место кое лежи на западниот брег на Халкидики, на само 50 км. Од Солун. Богата е со зеленило и има долга и пространа песочна плажа, која е одделена од градот со прекрасен парк, барови на плажа, таверни и секако тиркизно бистрото море. Местото пружа фантастичен поглед на заливот Термиакос и при ведро време, на планината Олимп. Со лесна прошетка може да се стигне до Дионисиос или Неа Плагиа, со кои Флогита практично е споена. Во последните 10 години Флогита се преобразува во вистинско монденско место омилено како од младите така и од повозрасните генерации. Вистинско место за активен одмор!

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди