Врати се назад

HOTEL APARTMAN - ALOE - SKALA POTAMIA

Грција / ТАСОС

8

Хотелот-апартманите Алое се наоѓаат на само 130 метри од GOLDEN BEACH во Скала Потамиа опкружени со борова шума. Студиата се 1/3 и 1/4 располагаат со комплетно опремена кујна, бања, ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите соби се свртени кон градот и морето, а повеќето имаат и прекрасен поглед на истите. Хотел Алое како и неколку други вили на барање на задоволните гости е дел од нашата понуда неколку години. Во самиот објект има можност за доплата за појадок и вечера.

ОБЈЕКТОТ Е КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН (МАРТ 2015). На располагање на гостите има и базен чие користење е вклучено во цената.

 

Тасос е најсеверниот остров на егејското море и е 10 километри одалечен од брегот.
Егзотичниот остров Тасос привлекува со изобилството на зеленило, белите прекрасни плажи, мирно тиркизно море, пријателски луѓе квалитетното вино и убавиот мед.
Неверојатно за Тасос е убавината на остатоците на античкиот град кои се вклопуваат во современиот град Лименас, исто така познат како Тасос Таун.
Тасос во грчката митологија е наречен како “остров на сирените”.Должината на брегот е околу 100Km што овозможува да го прошетате целиот остров и да ги посетите бројните плажи кои ќе ве остават без здив. Taсос е најблискиот остров до нашата територија (некаде околу 410km од Скопје)
Јужниот дел од островот е оној монденски дел каде се поживите селца – Лименарија, Потос, Псили Амос, но каде и да сте сместени задолжително посетете ги сите делови на островот.
Многубројните природни убавини боровите шуми, чистите песочни плажи и историјата се тие кои ке ве привлечат да го посетите овој преубав остров.

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди