Врати се назад

RIMSKA BANJA

БУГАРИЈА / БАНСКО

Веб страна: http://rimskabania.com/
8

 

Термалниот Спа Хотел “Римска бања” се наоѓа во селото Бања во Разлог и е опкружен со Рила, Пирин и Родопските планини, на само 5 километри од ски-центарот Банско. Областа изобилува со раскошна природа и два национални паркови. Хотелот располага со 5 еднокреветни соби, 53 двокреветни соби, 2 студиа, 19 апартмани и 9 луксузни апартмани.

Секоја соба има тоалет и купатило со када, туш, СОС систем, фен за коса, крпи и бањарки. Минералната вода, покрај во термалните базени, тече и од чешмите во вашата бања. Сите соби располагаат со кабловска телевизија, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција низ целиот хотел и електронски сефови.

Мирен и релаксирачки одмор е гарантиран во Термалниот Спа Хотел “Римска бања”! СПА комплексот на термалното лекувалиште Римска Бања е прекрасно место со домашна атмосфера, каде што може да се релаксирате, да се одморите и истовремено да се грижите за вашето здравје. Спа третманите ќе Ви овозможат да се чувствувате подобро, да се подмладите и да ја вратите душевната хармонија и телесната енергија. СПА третманите особено се препорачуваат на лица со помали проблеми со крвните садови, кожни заболувања, болести на зглобовите и нервните завршетоци, настинки, или постојано имат недостаток на енергија.

Во хотелот е вклучено : 

  • користење на термален СПА центар: два базени со минерална вода со температура на водата 31°С и 35°С, џакузи, сауна, парна бања, турска бања, јапонска бања, ледена соба, фитнес, зона за релаксација
  • користење на комбинирано спортска игралиште (тенис, одбојка, кошарка, фудбал)
  • WiFi интернет во целиот хотел
  • паркинг со видео надзор
  • туристичка такса и ДДВ

 
Спа хотелот Римска Бања ја користи водата од минералните извори со темппература 58º.  

Како главни обележја се неговите природни убавини преточени преку националниот парк, а не помалку значајни се и старите населби со традиционална архитектура, долгата традиција и историја преточени и дополнети со нови хотелски комплекси и инфраструктура. Сите овие обележја го прават Банско да биде еден од најпосакуваните и најпрестижните скијачки ресорти во Источна Европа.

Во градот има бројни менувачници, неколку поголеми маркети, повеќе продавници за сувенири и луѓе кои продаваат разноразни антиквитети на плоштадот , како и продавници за зимска опрема и облека.

Во однос на рекреативниот скијачки центар во Пирин, Банско лежи на надморска височина од 9625 м и располага со 17 скијачки патеки во должина од 75 км и 27 ски – лифтови. Највисока точка на ски – центарот е 2560 м, а најниската е 1000 м.