Врати се назад

VILA PORTO - PEFKOHORI

Грција / ПЕФКОХОРИ

8

Вила Порто Pefkohori се наоѓа во центарот на Pefkohori во многу мирна средина во  близина на пристаништето на. Оваа вила е на 20 метри од песочна и организирана плажа . Објектите  се нови изградени во 2015 година а дворот, со голема градина,која може да ја користат скарата за пријатни моменти. Порто се состои од  13 студија ,секое со  3 кревети, 8 на приземје и 5 на 1-ви спрат. Секое студио има еден брачен кревет и еден единечен кревет и е погодна за 3 лица. Секое е комплетно опременао со кујна, тоалет, ТВ, WIFI ,клима, и сè е ново , балкон со поглед на дворот.Porto е препорачлив за семејствата во кои приоритет е да се биде во тивка област и да биде многу блиску до плажа.

      Пефкохори се наоѓа на внатрешната страна на полуостровот Касандра, со прекрасен поглед на заливот Торонеос, а оддалечено е од Солун 107 км. Името го добил по богатата борова шума која го опкружува ( пефко – борово дрво; хорио – село ).Комбинацијата на зеленило и мирисот на боровите и тиркизно синото море, секако ќе допринесат за вашиот одмор да биде како од бајките. Освен тоа, Пефкохори го красат преубва црква, стариот плоштад, тесни улички со расцветани лимонови стебла, долга песочна плажа, осветлено шеталиште крај море, кое со првите вечерни часови потполно го меннува својот изглед. Тогаш станува центар на сите случувања, а за тоа допринесуваат и бројните таверни, рибни ресторани, пицерии и барови. Овде има се што може да ви затреба на вашиот одмор: бројни хотели, рент а кар агенции, супермаркети, продавници, амбуланта, аптека, пекара и пошта. За најмладите има салони за забава на деца, луна парк, игротека на отворено.Ако сакате да поминете одмор во кој ќе бидете ослободени од секојдневните обврски, да уживате во прекрасната песочна плажа, вкусот на грчката храна, мирисот на боровата шума, во звуците на морето, долги прошетки  тогаш Пефкохори е вашиот вистински избор.

\r\n

 

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Локација на Објект


Слични Понуди