Врати се назад

GOLDEN BAY - PEFKOHORI

Грција / ПЕФКОХОРИ

8

ТЕРМИН
НОЌЕВАЊА
1/3 СОФИТА
27.05 - 03.06.2018
7*
85€
03.06 -10.06.2018
7*
115€
10.06 - 17.06.2018
7*
135€
17.06 - 24.06.2018
7*
155€
24.06 - 01.07.2018
7*
175€
01.07-08.07.2018
7
400€
08.07-15.07.2018
7
440€
15.07 - 22.07.2018
7
440€
22.07-29.07.2018
7
460€
29.07-05.08.2018
7
490€
05.08-12.08.2018
7
490€
12.08-19.08.2018
7
490€
19.08-26.08.2018
7
490€
26.08-02.09.2018
7
450€
02.09-09.09.2018
7*
155€
09.09-16.09.2018
7*
135€
16.09-23.09.2018
7*
115€
23.09-30.09.2018
7*
85€

Вила ГОЛДЕН БЕЈ е хотел од апартмански тип кој се наоѓа во еден од најексклузивните делови на полуостровот Касандра помеѓу Пефкохори и Ханиоти на околу 30 метри од плажа. Комплексот се простира на преку 4000 м2, на околу 700 метри од Пефкохори. Во понуда се трокреветни студиа на поткровје (Софита) со поглед на море, четворокреветни апартмани (поглед на базен)на кат и трокреветни студија, сместени на приземје (бунгалови). Комплексот располага со убаво уреден двор со скара, базен и бар покрај базенот. Секое студио / апартман располага со балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се наплаќа 5 евра/ по ден, на лице место доколку се користи) и Wi-Fi. Користењето на базенот е само со нарачување пијалок (Не е дозволено бесплатно користење на базенот). Истата е од Б-категорија. Цената на туристичкат такса е 0,50 евра по ден / по апп. и се плаќа на лице место кај претставниците / сопствениците на вилата. 

  • Цените со * се однесуваат за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз.

( Сместување за минимум 2 лица во апартман, 3-та особа бесплатно (плаќа само превоз).

  • За патување со сопствен превоз, цената се намалува за 10 евра;
  • Цените без * се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања.
  • Собите се превземаат по 12.00 часот, а се напуштаат во 09.00 часот по локално време
  • Цената само за превоз: Скопје Халкидики - Скопје изнесува:
  • 35 € возрасни.
  • 25 € деца од 2 - 12 години.
  • БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште).
  • За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
  • ПОПУСТИТЕ НЕ СЕ КОМБИНИРААТ ПОМЕЃУ СЕБЕ (попуст за рана резервација со попуст за две споени смени и сл.).


      Пефкохори се наоѓа на внатрешната страна на полуостровот Касандра, со прекрасен поглед на заливот Торонеос, а оддалечено е од Солун 107 км. Името го добил по богатата борова шума која го опкружува ( пефко – борово дрво; хорио – село ).Комбинацијата на зеленило и мирисот на боровите и тиркизно синото море, секако ќе допринесат за вашиот одмор да биде како од бајките. Освен тоа, Пефкохори го красат преубва црква, стариот плоштад, тесни улички со расцветани лимонови стебла, долга песочна плажа, осветлено шеталиште крај море, кое со првите вечерни часови потполно го меннува својот изглед. Тогаш станува центар на сите случувања, а за тоа допринесуваат и бројните таверни, рибни ресторани, пицерии и барови. Овде има се што може да ви затреба на вашиот одмор: бројни хотели, рент а кар агенции, супермаркети, продавници, амбуланта, аптека, пекара и пошта. За најмладите има салони за забава на деца, луна парк, игротека на отворено.Ако сакате да поминете одмор во кој ќе бидете ослободени од секојдневните обврски, да уживате во прекрасната песочна плажа, вкусот на грчката храна, мирисот на боровата шума, во звуците на морето, долги прошетки  тогаш Пефкохори е вашиот вистински избор.

\r\n

 

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Локација на Објект


Слични Понуди