Врати се назад

VILA PARADISO - PEFKOHORI

Грција / ПЕФКОХОРИ

8

    Вила ПАРАДИЗО е лоцирана во првиот ред до прекрасната плажа во Пефкохори, на 100 м. од главната улица, и во непосредна близина на многубројните ресторани и кафе барови кои се простираат по должината на брегот. Студијата и апартманите во оваа вила се реновирани минатата година. Вилата располага со двокреветни, трокреветни студија и петокреветни апартмани, сите со директен или страничен поглед кон морето. Сите студиjа располагаaт со комплетно опремена кујна која е одделена од спалната соба, телевизор, клима, и wc. Апартманите располагаат со две посебни простории. Во дневната има еден брачен и еден единечен кревет и комплетно опремена кујна, клима и wc, а во спалната соба има еден брачен кревет.

      Пефкохори се наоѓа на внатрешната страна на полуостровот Касандра, со прекрасен поглед на заливот Торонеос, а оддалечено е од Солун 107 км. Името го добил по богатата борова шума која го опкружува ( пефко – борово дрво; хорио – село ).Комбинацијата на зеленило и мирисот на боровите и тиркизно синото море, секако ќе допринесат за вашиот одмор да биде како од бајките. Освен тоа, Пефкохори го красат преубва црква, стариот плоштад, тесни улички со расцветани лимонови стебла, долга песочна плажа, осветлено шеталиште крај море, кое со првите вечерни часови потполно го меннува својот изглед. Тогаш станува центар на сите случувања, а за тоа допринесуваат и бројните таверни, рибни ресторани, пицерии и барови. Овде има се што може да ви затреба на вашиот одмор: бројни хотели, рент а кар агенции, супермаркети, продавници, амбуланта, аптека, пекара и пошта. За најмладите има салони за забава на деца, луна парк, игротека на отворено.Ако сакате да поминете одмор во кој ќе бидете ослободени од секојдневните обврски, да уживате во прекрасната песочна плажа, вкусот на грчката храна, мирисот на боровата шума, во звуците на морето, долги прошетки  тогаш Пефкохори е вашиот вистински избор.

\r\n

 

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Локација на Објект


Слични Понуди