Врати се назад

ЛЕТО НА КРФ 2018 – ИПСОС КОРФУ

Грција / КРФ

8

 

Вила ЈУЛИАНОС

Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата.

Вила Јулианос располага со:

  • 3 студија за 2 лица
  • 1 апартман за 4 лица (со посебни спални)

Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви, ѓезве, тенџере) тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата, 6 евра на ден)

*** За сите излети организирниот превоз ќе чека на 50 тина метри од вилата

Вила АЛЕКСАНДРОС

Вилата се наоѓа на 150 метри од плажа на Ипсос – Крф. Целосно реновирана оваа година, со убав и голем двор со зеленило. Близу до плажа, а сепак мирен дел на Ипсос.

Напомена: Заради реновирањето сликите од вилата ќе бидат објавени наскоро.

Вила Александрос располага со:

  • 8 студија за 2 лица
  • 3 студија за 3 лица
  • 1 апартман за 5 лица дуплекс (со посебни спални)

Сите се опремени со сопствена кујна која е комплетно опремена, тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата, 6 евра од ден)

*** За сите излети организирниот превоз ќе чека на 50 тина метри од вилата

 

 

\r\n

 

\r\n

Самата помисла на море, топло сонце, плажи  е асоцијација на прекрасниот остров воЈонското Море – Крф. Иако не е најголемиот остров  во Jонското Море сепак е најзелениот.  До островот се доаѓа преку две пристаништа: едното во главниот град Крф кое се вика исто како островот (грчки Керкира) и второто помало пристаниште Лефкими. Авионскиот сообраќај е особено развиен во летниот период кога има летови скоро 24 часа секој ден. Интересен е аеродромот чија писта се наоѓа блиску до морето и дава впечаток дека авионите „одат по вода“. 

\r\n

Мистично привлечен, спакуван во историски приказни,обоен од влијанија на најразлични цивилизации, Крф фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување, островот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејки го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите.

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди