Врати се назад

HOTEL KALONI - ALIKES

Грција / АЛИКЕС

8

       Хотел Калони, Аликес е лоциран  на околу  300 метри оддалеченост од плажа и исто толку од центарот на градчето.Хотелот на располагање има 39 комфорни соби (1/2, 1/2+1,1/3 и1/3+1), кои се модерно опремени. Сите соби се опремени со клима уред вклучен во цената, мини бар, ТВ, фрижидер, фен, сопствена бања, како и опрема за лица со посебни потреби. Големината на единeчната соба е 20 м2,  двокреветна соба – 25 м2, трокреветна соба – 27 м2. Хотелот располага со сопствен паркинг, затворен базен (по потреба се отвора кровот над истиот) со џакузи, отворена градина, бар во кој можат во секое време да се пробаат најразлични пијалоци, свежи сокови и коктели. Во склоп на самиот хотел се наоѓа и ресторан Алми – во кој можат да се пробаат традиционалната и интернациолна храна со богато мени.

 

 

Aликес се наоѓа на 5 километри од Волос,  познат по својата одлична туристичка организација и долгата песочна плажа која изобилува со палми и дрва од еукалиптус. Една од главните атракции е урнатините на античкиот град Demetriada и храмот на Аполон во Сорос.Во непосредна близина на хотелот има аптека, минимаркет и неколку продавници. Покрај тоа, постои целосна туристичка инфраструктура со кафулиња, барови и традиционални таверни наречени " Tsipouradika ".

\r\n

 

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Локација на Објект


Слични Понуди