Врати се назад

HOTEL PROTESSILAOS 3* I HOTEL LAODAMIA 4*- NEA ANHIALOS

Грција / НЕА АНХИАЛОС

8

 

        Хотел Протесилaос 3* и хотел Лаодамиа 4* - фамилијарни хотели кои имаат прекрасна локација во Неа Анхиалос, сместени на прва линија од плажа. Хотел Протесилаос е со поглед кон Pagasitikos заливот и истиот располага со 1/2 и 1/2 +1 соби на база полупансион (доручек и вечера шведска маса). Секоја соба располага во ТV, клима (вклучена во цената), сопствено купатило со туш кабина, масажер, фен. Дел од собите се со директен поглед кон море, дел со страничен поглед кон море и дел со поглед градина. Хотел Лаодамиа, со странична поставеност и оддалеченост со само 50 метри од плажа. Истиот располага со 1/2 стандардни соби, executive rooms I junior suite. Секоја од собите располага со ТВ, клима ( вклучена во цената), сопствено купатило. Во околина на хотелите има голем  број продавници, барови и ресторани. Хотелите нудат пријатно сместување во пријателска атмосфера која ќе направи да се чувствувате како дома.  

                Цената на туристичката такса изнесува 1,5 евра по соба по ден за сместување во хотел Протесилаос и 3 евра по соба по ден за хотел Лаодамиа. Туристичката такса ќе се плаќа на лице место на рецепција во хотелот 

 

Неа Анхиалос се наоѓа на само 15 км од градот Волос, односно на само 435км од Скопје. Прекасно туристичко место, со преубава пространа плажа и тиркизно сино море. Благодарение на неговата убава природа и чисто море, спојот на мирот и космополитскиот живот, но пред се чистата околина и гостопримството на локалното население, го претворија во најпознато туристичко гратче. Неа Анхиалос изобилува со многу барови, таверни долж целата плажа и се разбира бурен ноќен живот за сите генерации кои ќе ја посетат оваа дестинација навистина ќе доживеат прекрасни мигови за време на годишниот одмор, проследено со секојдневени организирани забави како аеробик во вода, зумба на плажа и во вода, Таи Чи, јога, пилатес, одбојка на плажа, фудбал на плажа, пикадо, игри за деца(мини диско, цртање на лице и тело), часови по традиционален танц, часови по традиционално кулинарство и многу други активности. Прекрасниот брег на Неа Анхиалос се протега и до 20км во должина и има голем број на различни вулкански плажи со црвенкаст колоритен песок. Исто така има златен песок, како и мали камчиња и карпи. Покрај тоа не е никаква тајна дека областа Magnesia не само што е позната по неспоредливата убавина, туку и поради оригиналноста на вкусовите од овошјето, традиционалната храна и надалеку познатото грчко слатко од портокали, мандарини, диви оревчиња, смокви, лубеница. Вкусете ја свежата риба, јастогот кои го нудат тамошните таверни, исто така уживајте во тсипурото послужено со најразличните мезиња.

\r\n

 

\r\n

 

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Локација на Објект


Слични Понуди