Врати се назад

HOTEL PERILIK 4*- PAMPOROVO

БУГАРИЈА / ПАМПОРОВО

Веб страна: http://www.perelikhotel.com
8

 

Локација : во центарот на Пампорово
Хотелскиот комплекс е на 7 спрата и располага со 31 апартман, 9 трокреветни, 164 двокреветни и 8 еднокреветни соби. Многу пати е реновиран и сите соби се опремени со телефон, САТ ТВ и мини бар. На располагање на своите гости им нуди лоби бар, класичен ресторан, традиционален ресторан, италијански ресторан, ноќен бар, куглана, интернет. 
СПА Центар : внатрешен базен, фитнес центар, џакузи, сауна, солариум, масажи и третмани

Ски центарот ПАМПОРОВО се наоѓа на на западниот дел на планинскиот масив на Родопите на 1620 м надморска висина,оддалечен 240 км од Софија и 85 км од Пловдив, втор град по големина во Бугарија.Објектите се изградени на 1600м надморска висина , продолжувајки нагоре стигнувате до најголемиот врв Снежанка-1.926 м. Ски центарот има три едноседечки,една дво и едно троседечка жичара,како и поголем број на ски лифтови(тањир и сидро),како и беби лифтови со капацитет 6.000 скијачи на 1ч. Има 17,5 км стази за алпско скијање,има и голем број на стази за нордиски дисциплини.Стазите се со различна тежина и ги задоволуваат и најпребирливите скијачи.Тука се наоѓаат повеќе ски школи и ски сервиси,но по центарот има распоредено и 11 ски гардероби.