Врати се назад

HOTEL MARO - AGIOS JOANIS - VOLOS

Грција / AГИОС ЈОАНИС

8

         ХОТЕЛ МАРО 3***се наоѓа на преубавиот дел во Агиос Јоанис на само 10м од преубавата песочна плажа и тиркизнто сино море, на самото крајбрежје преплавено со локални традиционални таверни,кафетерии, барови, маркети, пекари со еден збор кажано се што ни е потребно за целиот престој на ова прекрасно место кое изобилува со преубава природа. Хотел Маро 3***располага со лифт, двокреветни(1/2) и трокреветни студија(2+1) + одвоена кујна каде е сместен третиот кревет кој е стандарден и апартмани(1/4 или2+2) со една спална соба со одвоена кујна во која се поставени + два кревети со димензии 190x80 цм, секое од овие студија апартмани располага со сопствено купатило, балкон, клима вклучена во цена ,wi-fi, tv, некои од нив имаат директен поглед на море,некои страничен, а останатите поглед према ПИЛИОН. Истиот располага со преубава двор/градина, сопствен бар, сопствена кујна каде ке можете во секое време да нарачате пијалок по ваш избор по многу пристапна цена. Хотелот нуди појадок на принцип на шведска маса. Наша препорака е доколку сакате да уживате во вашиот ручек /вечера  да ја посетите најблиската натурална таверна РЕМЕЦО каде се нудат најразлични традиционални видови на храна (јагне на жар,свинско на жар,пиле на жар,и да не ја заборавиме морската храна и прекрасните салати  со посебен вкус припремена на традиционален начин) на само 30 м од ХОТЕЛ МАРО на сама плажа.

 

Раскошно зеленило кое се претопува во морските длабочини низ недогледните маслинови дрва, овоштарници, борови шуми, од почетокот па до највисоката точка на планината Пилион, на надморска височина од 1471 метар. Надворешната страна на полуостровот е  споена со источниот дел од планината Пилион која навистина изгледа преубаво, романтично и фасцинантно. Целиот овој масив од природа изобилува и со 24 села расфрлани по целата облас, и така поминувајки низ сите овие убавини се пристигнува до нашата десинација АГИОС ЈОАНИС со преубава песочна плажа, тиркизно сино море, преплавено со хотели, вили, апартмани, локални таверни, кафетерии, маркети, пекари. Прекрасно место со долги песочни плажи(ПАПАНЕРО И ПЛАКА БИЧ) кристално чисто море кој ќе ве остават без здив .

\r\n

 

\r\n

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Локација на Објект


Слични Понуди