Врати се назад

HOTEL MURITE 4* - BANSKO

БУГАРИЈА / БАНСКО

Веб страна: http://murite.bg/
8

 

Локација : 7 км од Банско, во близина на Пирин Голф Клуб
Безброј можности за пријатно семејно уживање, спортски одмор или забавен викенд со пријателите во текот на целата година. На само 10 минути од Банско, со својата неверојатна гледка кон планината, на своите гости им нуди комфорт со релаксирачките СПА процедури, како и можност за незаборавни кулинарски уживања.

Во склоп на хотелот има елегантен ресторан,лоби бар со камин,3 конферентни сали, паркинг, интернет во целиот
хотел, детско катче, дискотека.
СПА Центар : внатрешен и надворешен базен, џакузи, финска сауна, парна бања, турска бања, фитнес,
масажи, арома терапии, козметички процедури.

 

Како главни обележја се неговите природни убавини преточени преку националниот парк, а не помалку значајни се и старите населби со традиционална архитектура, долгата традиција и историја преточени и дополнети со нови хотелски комплекси и инфраструктура. Сите овие обележја го прават Банско да биде еден од најпосакуваните и најпрестижните скијачки ресорти во Источна Европа.

Во градот има бројни менувачници, неколку поголеми маркети, повеќе продавници за сувенири и луѓе кои продаваат разноразни антиквитети на плоштадот , како и продавници за зимска опрема и облека.

Во однос на рекреативниот скијачки центар во Пирин, Банско лежи на надморска височина од 9625 м и располага со 17 скијачки патеки во должина од 75 км и 27 ски – лифтови. Највисока точка на ски – центарот е 2560 м, а најниската е 1000 м.