Врати се назад

VILA THEMELIS - FURKA

Грција / ФУРКА

8

ТЕМЕЛИС е хотел од апартмански тип. Има прекрасен двор со зеленило и палми и два базени, еден голем и еден мал, детски. Покрај базенот се наоѓа кафе бар со лежалки и чадори кои се бесплатни, а позади хотелот има паркинг за гостите. Хотелот е оддалечен околу 280 метри од плажата и 150 метри од центарот на Фурка. Располага со трокреветни студија кои се опремени со кујна со основни садови за готвење, еден брачен и еден единечен кревет, ТВ, WC и клима која е вклучена во цената, просторна тераса која е со поглед на базенот и гарнитура на терасата. Промена на постелнина, еднаш во текот на престојот.

     Градчето Фурка, веројатно за најголемиот број од туристите на Халкидики кои се прошетале долж двете страни на првиот крак, претставува едно од највпечатливите места кои ја дефинираат туристичка понуда на Касандра, со поглед кон заливот Термаикос и Солун. Иако не така експонирана, десната страна на Касандра (гледано кон морето) е сепак прекрасно дело на природата, која смело се поиграла со копното наспроти широчината на големиот залив и отвореното Егејско море. Градчето Фурка, како и многуте туристички места кои се нижат покрај оваа страна од првиот крак, е препознатливо по своите специфични географски карактеристики. Опкружено со пошумените страни на блиските ридови, положено покрај песочните плажи и синото море, ова место оддамна ги освоило своите први туристи. Добрата инфраструктура, организираните и квалитено изградени објекти за сместување, туристичките содржини на Фурка и ја дале карактеристиката за едно од најубавите места на десната страна од Касандpа.

\r\n

 

\r\n

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Локација на Објект


Слични Понуди