Врати се назад

VILA ANDREAS - KRF

Грција / КРФ

8

ВИЛА АНДРЕАС е комплекс на апартмани кој  се состои од две куќи со надворешен базен и прекрасна зелена околина скриен од очите на останатите туристи, а сепак со многу лесен пристап до главната улица на која на само неколку чекори ќе најдете маркет, ресторан, кафуле.

На 300м оддалеченост од плажата оваа вила ви овозможува максимално квалитетно да го преживувате денот.

Располагаме со:

  • 8 студија за 2 лица
  • 4 апартмани за 4 лица (со посебни спални)

Сите апартмани се опремени со кујна, купатило, тв, сеф балкон, wi-fi и клима. 

  • Користењето на клима се доплаќа по желба директно кај сопственикот на вилата.

 

 

\r\n

 

\r\n

Самата помисла на море, топло сонце, плажи  е асоцијација на прекрасниот остров воЈонското Море – Крф. Иако не е најголемиот остров  во Jонското Море сепак е најзелениот.  До островот се доаѓа преку две пристаништа: едното во главниот град Крф кое се вика исто како островот (грчки Керкира) и второто помало пристаниште Лефкими. Авионскиот сообраќај е особено развиен во летниот период кога има летови скоро 24 часа секој ден. Интересен е аеродромот чија писта се наоѓа блиску до морето и дава впечаток дека авионите „одат по вода“. 

\r\n

Мистично привлечен, спакуван во историски приказни,обоен од влијанија на најразлични цивилизации, Крф фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување, островот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејки го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите.

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди