Врати се назад

Hotel "AMMON GARDEN" 3* - PEFKOHORI

Грција / ПЕФКОХОРИ

8

На само 100m од плажа и 200m од центар е лоциран 3* хотел "Ammon Garden". Хотелски соджини: 27 хотелски студија на приземје, први и втори кат, базен со 2 нивоа на длабочина од 1,10м и 2,20м со лежалки и чадори, лоби бар покрај базенот со голем избор на пијалоци, ресторан во кој се служи појадокот, рецепција со лоби, Wi-Fi интернет, прекрасно уреден двор со многу палми и зеленило, паркинг простор (бесплатен). Хотелско сместување: Сместувачките капацитети се од типот на студија со комплетно опремена мини кујна со фрижидер и се состојат од 2 или 3 редовни легла и една софа на расклопување, наменета за дете до 12год кое се сместуваат бесплатно, Baby cot, клима, купатило со фен, крпи за раце и тело, TV, гардеробер, телефон, ноќни ламби, тераса со масичка и столчиња со прекрасен поглед кон базенот или одлично уредената градина... Дозволено е сместување со домашни миленичиња. Чистењето на студијата е секојдневно, менување на постелнини и крпи на 3 дена. Хотелски услуги: Појадок, шведска маса (на самопослужување) од 08:30 до 10:00 во ресторанот на хотелот. Вечера - мени (избор од 4-5 главни јадења / салата / десерт) во ресторан кој се наоѓа на сама плажа.

 

      Пефкохори се наоѓа на внатрешната страна на полуостровот Касандра, со прекрасен поглед на заливот Торонеос, а оддалечено е од Солун 107 км. Името го добил по богатата борова шума која го опкружува ( пефко – борово дрво; хорио – село ).Комбинацијата на зеленило и мирисот на боровите и тиркизно синото море, секако ќе допринесат за вашиот одмор да биде како од бајките. Освен тоа, Пефкохори го красат преубва црква, стариот плоштад, тесни улички со расцветани лимонови стебла, долга песочна плажа, осветлено шеталиште крај море, кое со првите вечерни часови потполно го меннува својот изглед. Тогаш станува центар на сите случувања, а за тоа допринесуваат и бројните таверни, рибни ресторани, пицерии и барови. Овде има се што може да ви затреба на вашиот одмор: бројни хотели, рент а кар агенции, супермаркети, продавници, амбуланта, аптека, пекара и пошта. За најмладите има салони за забава на деца, луна парк, игротека на отворено.Ако сакате да поминете одмор во кој ќе бидете ослободени од секојдневните обврски, да уживате во прекрасната песочна плажа, вкусот на грчката храна, мирисот на боровата шума, во звуците на морето, долги прошетки  тогаш Пефкохори е вашиот вистински избор.

\r\n

 

Ви треба помош?

Нашиот тим Ви стои на располагање

02/ 3134-090
02/ 3122-084


Слични Понуди