Врати се назад

INTER HOTEL SANDANSKI 4*

БУГАРИЈА / САНДАНСКИ

8

        Интерхотел Сандански е лоциран во југозападниот дел на Бугарија, регион кој е најпознат по лековитата клима и термалните извори. Хотелот е лоциран во самиот центар на Сандански, на само неколку чекори од живописниот градски парк, поголемите продавници и во близина на многу споменици и историски знаменитости. Интерхотел Сандански го нуди еден од најголемите медицински центри за лекување и рехабилитација.

 

Во склоп на хотелот се наоѓа : лоби, балнео центар со програми за лекување, СПА центар со широка палета на разни третмани, фитнес сала, сауна, парна бања, солариум, 2 отворени и затворен базен со топла минерална вода, тениско игралиште, 3 конференциски сали со капацитет од 35 до 220 места, основен ресторан со капацитет 320 места, медитерански ресторан Ренесанса, механа Булгаре, слаткарница, отворен и затворен паркинг, продавница, фризерски салон, салон за убавина, интернет и во непосредна близина се градскиот парк и пешачка зона.

 

Вкупниот број на соби е 296, 205 стандард соби I , II , III и IV кат и 80 лукс соби V, VI и VII кат ( комплет реновирани соби, нов мебел, со туш кабини ). Собите располагаат со ТВ, минибар, тераса, интернет, телефон , бањарки и папучи.

 

Во цената Е вклучено:

    1. Појадок (шведска маса)
    2. Затворен базен со минерална вода 33 С – полуолимписки димензии
    3. Отворен базен со минерална вода 33 С
    4. Отворен термален базен со минерална вода 38 С
    5. Џакузи на отворено со минерална вода
    6. Сауна
    7. Парна бања
    8. Фитнес
    9. Безжичен интернет
    10. Паркинг
    11. Сеф на рецепција
    12. Туристичка такса 

 

 

Градот е познат по своите топли гео-термални извори поради кои Австријци кои се лечеле во Сандански го изградиле познатиот хотел „Сандански“