Сафари и Рафтинг на Тара - 3 Ноќевања

1.Ден

Тргнување од Скопје и пристигање во подоцнежните часови во камп Ивона(кој е сместен во живописната долина на реката Дрина) Сместување во бунгалови (изградени во планински стил, со секогаш чиста постелнина, Wi-Fi интернет). Вечера во истоимениот ресторан (кој вклучува и спопствена пекара каде се подготвуваат разни локални специјалитети) . По вечерата, дружење покрај оган со жива музика до 24:00 часот. Ноќевање (не е обавезно бидејќи често поради добрата атмосфера дружбата трае и до утринските часови ).

2.Ден

Будење со утринско кафе во 09:00 ч и појадок во 09:30 ч во ресторанот.  Поаѓање за Браштанович во 10 00 ч. со организиран превоз ( џипови и комбиња) и посета на најатрактивниот дел на Тара (21км патека за рафтинг, со најсовремени чамци целосно опремени). Враќање во кампот во 14:00 ч , а подоцна ручек во 14:30 ч . Слободни активности до ноќните часови ( можност да се организираат различни спортски натпревари).

3.Ден

Појадок во 08:00 ч. После појадокот поаѓање во планина (150км вкупно возење) .

Посета на две езера , горна Бара и долна Бара , потоа посета на видиковецот Борич и по него  Маглич, Волујак и Перучич. Можност за капење во најголемиот отворен базен во Европа , на Тјентиште (16000м2 ) ако дозволуваат временските прилики и се разбира , посета на споменикот. Исто така посета на спомен костурницата од Втора Светска Војна

Враќање во камп . Вечера во 20:30 ч. Слободни активности.

4.Ден

Будење со утринско кафе во 09:00 ч и појадок во 09:30 ч во ресторанот. По појадокот,поаѓање за Скопје.

 

Цена: 130 ЕУР (8.060,00 денари).

 

Во цената е вклучено:

  • Три ноќевања на база на полн пансион ( во бунгалови со број на кревети по желба)
  • Сите превози за време на траењето на програмата
  • Сите такси , Тара+НП Сутјетска (вкупно 8,50 еур.)
  • Рафтинг со сопствена опрема
  • Водич за Сафари и Рафтинг

 Во цената не е вклучен превоз.