Сафари и Рафтинг на Тара - две ноќевања

1.Ден

Тргнување од Скопје и пристигање во подоцнежните или вечерните  часови во камп Ивона(кој е сместен во живописната долина на реката Дрина) Сместување во бунгалови (изградени во планински стил, со секогаш чиста постелнина, Wi-Fi интернет). Вечера во истоимениот ресторан (кој вклучува и спопствена пекара каде се подготвуваат разни локални специјалитети) . По вечерата, дружење покрај оган со жива музика до 24:00 часот. Ноќевање

 

2.Ден

Појадок во 09:00.  Поаѓање за Браштанович во 10:00 со организиран превоз ( џипови и комбиња) и посета на најатрактивниот дел на Тара. Во 11:30 започнува рафтингот (со најсовремени чамци целосно опремени), со паузи за фотографирање, можност за капење и запознавање со најитересните приказни од највозбудливите рафтинг доживувања. Враќање во кампот во 15:30 и ручек во 16:00. Од 17:00 па се до 20:0 часот време за попладневен одмор и слободни активности. Вечера. Од 20:30 до полноќ , дружење покрај оган со жива музика. Ноќевање.

 

3 Ден

Будење со утринско кафе во 09:00 ч и појадок во 09:30 ч во ресторанот.

Поаѓање на рафтинг во 10:00 ч  до Фоче или повторно на Тара. Крај на рафтингот во 14:30.

Ручек. По ручекот , поаѓање за Скопје.

 

Цена: 110 ЕУР (6.820 денари) .

 

Во цената е вклучено:

  • Две ноќевања на база на полнпансион (услугата започнува со вечера, завршува со ручек)
  • Сите превози за време на траењето на програмата
  • Сите такси
  • Рафтинг (2)

 Во цената не е вклучен превоз.