Рафтинг на Тара – едно ноќевање

1.Ден:

Тргнување од Скопје и пристигнување во попладневните часови во камп Ивона (кој е сместен во живописната долина на реката Дрина). Сместување во  бунгалови (изградени во планински стил, со секогаш чиста постелнина, Wi-Fi интернет). Пијалок за добредојде. Вечера во истоимениот ресторан(кој вклучува и спопствена пекара каде се подготвуваат разни локални специјалитети). По вечерата, дружење покрај оган со жива музика, ( сабота кон  недела, доколки има поголема група и преку работни денови ). Ноќевање

2.Ден:

Појадок во 09:00.  Поаѓање за Браштанович во 10:00 со организиран превоз ( џипови и комбиња) и посета на најатрактивниот дел на Тара. Во 11:30 започнува рафтингот (со најсовремени чамци целосно опремени), со паузи за фотографирање, можност за капење и запознавање со најитересните приказни од највозбудливите рафтинг доживувања. Враќање во кампот во 15:30 и ручек во 16:00.  По ручекот, поаѓање за Скопје.

 

Цена: 55,00 ЕУР ( 3.400,00 денари).

 

Во цената е вклучено:

  • Eдно ноќевање на база на полнпансион ( услугата започнува со вечера, завршува со ручек ).
  • Појадок x ( 1 ) ;
  • Ручек x ( 1 ) ;
  • Вечера x ( 1 ) ;
  • Рафтинг 21 км - најатрактивниот дел од Тара во времетраење околу 2-4 часа, во зависност од нивото на водата.
  • Таксата ( 4,50+1 еур) е вклучена во цената.

 Во цената не е вклучен превоз.