НОВА ГОДИНА - ИСТАНБУЛ 2 НОЌЕВАЊА

1 ден / 29.12 (сабота) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата и поаѓање од градовите:

Скопје во 14:30 ч.(Хотел Вип наспроти Саем)

Велес   во 15:30 ч.

Кавадарци во 16:30 ч,

Неготино во 16:45 ч  

Се патува преку граничен премин Богородица, Ноќно патување со попатни паузи.

2 ден / 30.12. ( недела ) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во предпладневните часови , сместување во хотел. Хотелот се наоѓа во областа Лалели, по сместувањето со локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со посета на: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки), Сината Џамија (изградена од познатиот Мехмед Ага и единствената џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња),

Аја Софија ( најпрво црква на Светата мудрост градена во времето на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија за денес да биде музеј и една од најпосетуваните атракции во Истанбул), Палатата Топ Капи – (музејот каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед и административен центар на Османлиската Империја во која турските султани живееле со векови и буквално представува град во град). слободни активности.можност за шопинг во Капали Чаршија и слободни активности.- Факултативна вечера 3 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење - Ноќевање

3 ден / 31.12. (понеделник) ИСТАНБУЛ 

 После појадокот со локален водич  панорамски разглед на градот, незаборавното крстарење по Босфорот, факултативен разглед на прекрасната палата Долма Бахче со раскошната внатрешност и зелените паркови  кој ги нуди и кој ќе ви останат во сеќавање)

Факултативна посета на Miniaturk (овде може да ја видиме Турција во мало најпознатите градби во минијатурно издание прекрасно место за добри фотографии.слободни активности. Дочек на Новата Година 2019 на плоштад или факултативно Гала вечера.Ноќевање.

4 ден / 01.01. (вторник) ИСТАНБУЛ

Појадок и одјавување од хотелот. За крај посета на трговскиот центар FORUM во кој се наоѓа еден од најголемите подземни аквариуми Turkuazzoo. Поаѓање за Македонија, ноќно возење преку Грција со попатни паузи.

 5 ден / 02.01.(среда) МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во утринските часови.

  •   Цена на аранжманот: 5520мкд со уплата до 15.11.2018
  •   Редовна Цена: 6,130 мкд

  Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со високо туристички автобус;

- панорамски разглед на Истанбул со локален водич .
- 2 ноќевања со појадок во 3* во Истанбул 
- посета на Хиподромот ;
- посета на  Сината Џамија 
- професионален туристички придружник;
- организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  - традиционална турска вечера – 35€ ( 3 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење)-крстарење со брод по Босфор - 20€;
- посета на Долма Бахче Сарај(превоз | влезница | локален водич) – 25€
- посета на Аја Софија  (влезница, аудио сет (слушалки), локален водич) - 15€
- посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич) - 15€;
- посета на Miniaturk  (влезница,превоз, локален водич) - 10€;
- посета на Аквариумот Turkuazoo превоз | влезница) – 20€;

-  новогодишна гала вечера на брод 80€

-новогодишна гала вечера во хотел Bekdas hotel4* 75 €
- здравствено патничко осигурување (задолжително) - 200мкд.
  
  

Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари.