НОВА ГОДИНА - БУДВА

4 дена/2 ноќевања

Програма:

1 ден: 29.12.2018 год.

Состанок на групата во 20:00 часот пред ТА Либеро Травел  и тргнување за Будва од Кочани во 20:15, од Штип во 20:45 од пред Нова Пошта, Велес во 21:15 од бензиска Мак Петрол и Скопје 22:15 од паркинг пред хотел Вип. Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден: 30.12.2018 год.

Пристигнување во Будва во путринските часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Попладнето слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера или на плоштадот со богата музичка програма.

3 ден: 31.12.2018 год.

Можност за  целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва . “За оние кои истануваат во Будва, денот го поминуваат индивидуално   Вечерта дочек на Новата 2019 година пред платото на Стариот град со богата музичка програма. Ноќевање.

4 ден: 01.01.2019 год.

Одјавување од апартманите, слободно време до 13часот  во Будва. Заминување кон  Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

  •  Цена на аранжманот:   55€ / 3 410 денари (2 ноќевања во 1/3 соба+превоз)
  •  Цена на аранжманот : 59 / 3 660 денари (2 ноќевања во 1/2 соба +превоз)

Во цената е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација

–2 ноќевања во вила апартмани во  Будва

http://www.vilaimperija.com/

– организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

-патничко здравствено осигурување (100ден)

– целодневен излет до Дубровник (10€)

– туристичка такса во Будва 1€ од ден

МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И САМО СО ЛИЧНА КАРТА

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

- Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !

- За овој програм важат Опшите Услови на патување на  СКТМ

- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

- Агенцијата  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањет

- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на  на лице место.

- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.