НОВА ГОДИНА - БЕЛГРАД

4 дена/2 ноќевања 

Зошто Белград да го изберете за дочек на Новата Година?

Белград го има најдобриот ноќен живот и тешко дека кој било друг европски град може да се натпреварува со него . Се чини дека Белград стана регионален центар за ноќен живот, нуди евтини пијачки и сместување, пријателска атмосфера и забава 24 часа на ден. Не треба да се заборави и тоа дека најпознатиот светски туристички водич Lonely Planet ја објави листата на светските градови по разновидноста и понудата на ноќен живот и забава и на првото место на светско ниво е рангиран – Белград. На челното место Белград е ставен особено поради рестораните, баровите и клубовите во квартот „Скадарлија“ и сплавовите на Дунав и Сава.

ПРОГРАМА

1 ДЕН (29.12.’18 – сабота) : КОЧАНИ-БЕЛГРАД. Состанок на групата во 23:00 часот пред ТА Либеро Травел  и тргнување за Белград од Кочани во 23:15, од Штип во 23:45 од пред Нова Пошта, Велес во 00:15 од бензиска Мак Петрол и Скопје 01:15 од паркинг пред хотел Вип. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН (30.12.’18 – недела) : БЕЛГРАД Пристигнување во Белград во касните утрински часови – панорамски разглед на градот со локален водич…црквата Св. Сава, брдото Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, музејот 25-ти Мај, улицата на кнезот Михаило, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот…Сместување во хотел. Слободно попладне  за индивидуални прошетки во центарот на Белград и  уживање во предновогодишната атмосфера во градот со богата музичка програма на плоштадот или во дискотека/кафана. Во вечерните часови враќање во хотелот.   !!!Ноќевање.

2 ДЕН (31.12.’19 – понеделник) : БЕЛГРАД – НОВИ САД (ФАКУЛТАТИВНО)

 Појадок. По појадокот – Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина…во попладневните часови – враќање во Белград…Подготовка за дочек на Нова Година на плоштад или факултативно во ресторан …Ноќевање.

3 ДЕН (01.01.’19 – вторник) : БЕЛГРАД – КОЧАНИ  Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот слободно време . планирано поаѓање за Македонија околу 14.00 Пристигнување во Кочани во доцните вечерни часови.

99€/6 140 денари   -   ЗА УПЛАТА ДО 10.11.2018години.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички автобус.
  • 2 ноќевања со појадок во хотел http://www.hotelparkbeograd.rs во центар на Белград.
  • разгледување на Белград со локален водич;
  • водство и организација на програмата.

Во цената на аранжманот  не е вклучено:

  • посета на Нови Сад – 10 евра – пријавување при резервација на аранжманот ( минимум 35 пријавени – пријавување при резервација на факултативата )
  • Новогодишна свечена вечера во хотел Парк со неограничени безалкохолни и алкохолни пијалоци – 70 евра
  • Вечера на Скадарлија ( новогодишна вечера ) – пријавување при резервација на аранжманот
  • патничко осигурување – 100 денари (Задожително)
  • туристичка такса 1,5 евра од ноќевање која задолжително се плаќа при резервација во агенцијата

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

- Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !

- За овој програм важат Опшите Услови на патување на  СКТМ.

- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

- Aгенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

  • Може да се патува и со лична карта!

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ :15.12.2018 !!!