» МИЛАНО - НОВА ГОДИНА »»

1 ден - 29.12.2017 СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок со групата во 12:30 часот и поаѓање за Милано во 13:00 часот на паркингот кај хотел „Александар Палас“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден - 30.12.2017 МИЛАНО

Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените и прекрасно украсени улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри (индивидуално)... Можност за шопинг по најкреативните божиќни тезги поставени во центарот на Милано... Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден - 31.12.2017 МИЛАНО

Појадок. После појадокот следи организиран разглед на Милано: Миланската катедрала, операта, галеријата Vittorio Emanuele, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle Graziе... Враќање  во хотел. Припрема и дочек на Нова Година организирано со превоз на главниот плоштад... Ноќевање.

4 ден - 01.01.2018 ЛУГАНО - КОМО

Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано. Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна (индивидуално со јавен превоз во договор во водичот). Ноќевање.

5 ден - 02.01.2018 МИЛАНО - СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје со попатна пауза за посета на популарниот аутлет шопинг центар McArthur Glen. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден - 03.01.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2017:  189/ 11.710 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€/12.330 ден.

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел 3* - 3 НП (ноќевање со појадок) во Милано
  • Разглед на Милано со локален водич
  • Разглед на Верона
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен излет на Лугано и Комо - 35€
  • Туристичка такса за ноќевање во Милано 3-5 (се плаќа во хотелот)
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Патничко осигурување –  5€

 

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени  се минимум од 45 патници