ИСТАНБУЛ >>

ИСТАНБУЛ  - Градот на два континенти

EMITT  31 January - 03 February, 2019

Автобус 5 дена / 2 ноќевања

  • 1 ден - 30.01.2019 : СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на паркингот кај хотел VIP, во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Се патува преку Р.Грција ( ноќно возење) со попатни паузи и редовни царински и гранични формалности.

  • 2 ден - 31.01.2019 : ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Посета на саемот за Туризам EMITT 2019. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија. Посета на Вселенската патријаршија. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула. Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативна посета на Азискиот дел на  Истанбул – Ускудар - Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел  Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на  Босфор...Европа - Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

  • 3 ден - 01.02.2019 : ИСТАНБУЛ - ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители. Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни... Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина... Продолжуваме кон Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

  • 4 ден - 02.02.2019 : ИСТАНБУЛ - ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Прошетката продолжува кон плоштадот Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал. Факултативно - посета на МИНИАТУРК - минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Посета на Декатлон. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Патување кон Скопје, со редовни царински и гранични формалности.

  • 5 ден – 03.02.2019 : СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје, во попладневните часови.

  • ЦЕНА : 5,690,00 денари
  • ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Истанбул
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Здравствено патничко осигурување ( задолжително да се достават податоците од пасош).
  • Локален туристички водич.
  • Вленица за ЕМIT ( саем за туризам).
  • ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) .
  • Крстарење со брод по Босфор .
  • Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција .
  • Вечера во национален ресторан .
  • Влезници во локалитетите Аја Софија .
  • Топкапи 15 евра, харемот во Топкапи.
  • Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата).
  • Посета на Азискиот дел Ускудар - Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас.
  • Посета на Минијатурк .
  • Посета на кула Галата .

 

Понудата е валидна за минимум 45 патници

За ова патување важат општите услови на Т.А. ОСКАР ТРАВЕЛ СЕРВИС Скопје и СКТМ