НОВА ГОДИНА - ИСТАНБУЛ 3 НОЌЕВАЊА

5дена / 3 ноќевања со појадок + превоз+разглед на Истанбул со водич+шопинг во Едрене

ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2018   - Цена на аранжманот: 105€/ 6510 денари

Организиран превоз од: Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево

ПРОГРАМА:

1 ден петок :- Поаѓање во попладневните часови  од пред туристичката агенција Либеро Травел (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево ). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. .

2 ден / сабота: Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локалниот водич пред хотел. Туристичката програма започнува со панорамска обиколка на Истанбул со локален водич. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Секој Април тука се организира, годишен меѓународен фестивал на лалиња и паркот станува атрактивен со многу шарени цвеќиња. Се насадуваат во целиот град онолку лалиња колку што има жители во Истанбул. Ќе направеме групна фотографија под Босфорот кај кој се открива прекрасна позадина. По прошетката во паркот се враќаме на стариот дел на Истанбул (Европскиот) и продолжуваме со пешачкапрошеткавоисторискиотцентар “Султанахмед”. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на “Синатаџамија” – единствена со шест минариња. Посета на Црквата – музеј -Света Софија и посета на Топкапи палатата. Разглед на хиподромот.  Слободно време за индивидуална прошетка од центарот Султан Меахмет до хотелот со попатна посета на Капаличаршија. Ноќевање.

3-ти ден / недела: Појадок. Од 07:00 до 08:30. Слободно време  или факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате в Европскиот брег на Босфор до тврдината “РумелијаХисар”, да ги фотографирате прекрасна тапалата “Долмабахче”, Сарај, дворецот “Јилдиз”, дворецот “ЧифтеСарај”. Потоа бродот се упатува кон азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили, каде се снимени повеќето од турските серии. Факултативна групна посета на палата “Долмабахче” кој е еден од најраскошните двореци во светот. Посета на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатната авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D за чудувачка симулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скајбар нуди извонредна глетка со чаша мирисно турско кафе меѓу облаците над Истанбул. Слободно време за прошетка и фотографирање . Враќање во хотелот.Вечерта факултативно организирана традиционална турска вечера. Ноќевање.

4-ти ден /понеделник –  Појадок. Факултативна посета на Принциските Острови со траект. Тргнување со брод од пристаништето. Се плови преку Мраморното Море до Островот на принцовите пловидбата трае околу 1,45 час.  (Büyükada(link is external),Heybeliada(link is external), Burgazada(link is external)…) – архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија.Најголемиот од нив е Бујук Ада – тоа е островот што е посетен за време на екскурзијата. На островот можат да се изнајми кочија за прошетка, а цената на кочијата (со времетраење од 45 мин.) – 30 турски лири, цената на кочијата со време траење (1.10ч.) – 40 турски лири.  Екскурзијата трае околу 4 часа. Враќање во хотелот. Вечерта факултативно организиран дочек на Новата 2019 година или слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

5-ти ден /вторник –  Појадок. По појадокот се тргнува кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум во светот Florya кој нуди разглед на најразнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Се упатуваме кон градот Едрине со посета на Outlet –Margi , еден од најевтиние во Европа , мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови..

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Три ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич
  • Посета на Оutlet во Едрине
  • Разглед на Хиподромот

Во цената не е вклученo:

  • Влезници за музеите
  • Најголемиот аквариум во Европа Florya- Цена 20 €
  • Дворецот Топкапи – 15 евра
  • Дворецот Долмабахче – 20 евра
  • Бродче по Босфор – 15 евра
  • Традиционална вечера – 25 евра
  • Посета на облакодерот “Сафир”, со вклучен билет за панорамско игралиште и 4D кино – 20 евра
  • АјаСофија (влезница и аудиоопрема) – 15 евра
  • Принциските острови 15 евра
  • Патничко осигурување – 200 денари

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ = 130 ЕВРА

НАПОМЕНИ:

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот
    • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 МКД)

Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето

- Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ.

Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.

- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. - Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања

- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на  на лице место.

- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените на самата агенција.