» ДУБАИ 28.04.2018 »»

ДУБАИ -ДИРЕКТЕН ЛЕТ - 28.04.2018 - 6 ДЕНОВИ

599 € - ЦЕНАТА ВАЖИ ДО 31.03.2018 година.


Ден 1: Скопје - Дубаи

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, 3 часа пред полетување. Директен лет во 13:25 часот. Пристигнување во Дубаи во 21:20 часот по локално време. Организиран трансфер од аеродром до хотел. Ноќевање. 

Ден 2: Дубаи
Појадок во хотел. Панорамски разглед на Дубаи. Можност за посета на: Палатата на Шеикот на Дубаи – Mohammed Al Maktum, најстарата улица во Дубаи Al Bastakiva, џамијата Jumeirah, хотелот со 7 ѕвезди Burj Al Arab, центарот Madina Jumeirah, Палмата Jumeirah, Sheikh Zayed Road, Mall of Emirates – каде може да се скија на вештачки снег, комплексот Downtown Dubai, каде се наоѓа највисоката кула во светот Burj Al Khalifa.

Ден 3: Дубаи
Појадок во хотел. Факултативна тура во пустина каде специјализираниот возач ќе ви направи пустинска турнеа низ пустинските дини. Турата предвидува јавање на камила, вечера со специјалитети на скара, и сето тоа придружувано со шоу програм од страна на танчери во склоп со убави звуци на ориентална музика. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 4: Дубаи
Појадок во хотел. Факултативна прошетка во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, посета на џамијата Sheikh Zayed, ремек- дело во архитектурата; Emirate Palace Хотелот; Heritage селото; трговскиот центар Marina Mall; островот Saadyat, островот Yas каде се наоѓа комплексот Ferrari World и Ф1 пистата.

Ден 5: Дубаи
Појадок во хотел.
(Факултативно) Бурџ Калифа – највисоката кула во светот со 160 ката.
(Факултативно) Крстарење со вечера.

Ден 6: Дубаи - Скопје
Појадок. Трансфер до аеродромот во Дубаи. Директен лет Дубаи – Скопје 09:15 часот. Пристигнување во Скопје во 12:05 по локално време. Крај на програмата за патување.


Во цената е вклучено: 
Авионски билет | Fly Dubai | Скопје – Дубаи - Скопје.
Повратен трансфер аеородром – хотел - аеродром.
Хотелско сместување во Дубаи.
Услуга: Ноќевање со појадок.
Панорамски разглед со автобус, според програмата.
Локален водич во неколку посети.

Во цената не е вклучено:
Виза – 79 €.
Посета на Абу Даби – 50 €.
Посета и искачување на највисоката зграда во светот Burj Khalifa – 55 €.
Крстарење со вечера – 43 €.
Јeep сафари / вечера во пустината – 50 €.