БУДВА 1-ВИ МАЈ

ПРОГРАМА:

1 ден: 28.04.2018 год. Сабота

Состанок на групата во 22:30 часот на Дрво Декор, тргнување во 23 часот. Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден: 29.04.2018 год. Недела

Пристигнување во Будва во утринските часови, (кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во вила Монте Рио. Попладнето слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани.

Вечерта препорачуваме посета на некој од ноќните клубови.

Ноќевање.

3 ден: 30.04.2018 год. Понеделник

Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Дубровник. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија “Гејм оф Тронс“ денес, е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градот; Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Овој град плени со својата убавина и шарм, вреди да се посети. Враќање во Будва.

Ноќевање.

4 ден: 01.05.2018 год. Вторник

Појадок. Одјавување и заминување кон Манастирот Св. Василие Острошки сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград (основан од Митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век). Слободно време за негово разгледување. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   79€ / 4.898 ден.

Во цената на аранжманот e вклучено:
  • автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевање со појадок во Вила Рио, Будва
  • организација и придружник на патувањето
  • целодневен излет до Острошкиот манастир
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Факултативна посета на Дубровник 10€ (доплата на лице место)
  • Туристичка такса во Будва 1€ по лице на ден
  • Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – 3€ (доплата на лице место)
  • Туристичка такса во Манастир Осторг 1€
  • Влезници по музеите и културно историските споменици
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување
Напомена:
  • За реализација на аранжманот минимум 40 патника
  • За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Oскар Травел Сервис.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма
  • Цените се изразени во евра за уплата исклучиво во денари по курс 1€=62мкд