БАЛКАНСКА ТУРА >>>

( МОСТАР, ДУБРОВНИК, МЕЏУГОРЈЕ, ВИШЕГРАД и САРАЕВО)

( 02.10 – 07.10.2018)

 

1 ДЕН -  02.10.2018

Поаѓање од Скопје во вечерните часови. Ноќно патување преку Албанија, Црна Гора кон Дубровник.

2 ДЕН  - 03.10.2018

Пристигнување во раните утрински часови во Дубровник. Разглед на стариот дел на градот. Главната капија Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, статуата на Марин Држич, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Поаѓање за Мостар. Попатна посета на пештерата Вјетерница (факултативен влез). Продолжување на патувањето. Пристигнување во Мостар. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН – 04.10.2018

Појадок. Посета на Меџугорје, Хутово Блато (факултативен ручек), Врело Буне, водопадите Кравице со локален туристички водич. Враќање во Мостар. Факултативна посета на некои од локалните кафулиња или ресторани. Ноќевање.

4 ДЕН – 05.10.2018

Појадок. Утрински разглед на стариот дел на Мостар со старо новиот мост и старата чаршија. По разгледот поаѓање за Сараево и панорамски разглед на градот со локален туристички водич:  Алипашино поле, Грбавица, Скендерија, Мостовите на Миљацка, Народниот театар, Градската куќа, Царската Џамија, Баш чаршија, Казанџилук – казанџиската улица на сувенири, Себиљ – центарот на стариот град, Мориша Хан, Газихусревбеговиот безистен и Газихусревбеговата џамија, Синагогата, Катедралата, Црквата Св. Архангел и Михаил и др. Сместување во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН – 06.10.2018

Појадок. Поаѓање кон Скопје со попатна посета на Вишеград и Дрвен Град на Емир Костурица. Враќање кон Скопје. Ноќно патување преку Србија кон Македонија.

6 ДЕН – 07.10.2018

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНА: 7.750,00 денари.

Во цената на аранжманот е вклучено :

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација.
  • Сместување во Мостар во хотел 3* на база на 2 ноќевања со појадок.
  • Сместување во Сараево во хотел 3* на база на 1 ноќевање со појадок.
  • Разглед на: Дубровник, Мостар (Меѓугорје, Хутово Блато, Врело Буне, водопадите Кравице) и Сараево .
  • Посета на пештерата Вјетерница, Вишеград, Дрвен Град на Емир Костурица.
  • Патничко осигурување.
  • Пратител на групата.
  • Локален туристички водич во Мостар и Сараево.

Во цената не  е вклучено:

  • Фотосафари по каналот на сонцето, по реката Крупа и езерата на Хутово блато, во траење од 45 минути во бродчиња со капацитет од 20 - 25 лица.
  • Факултативни ручеци.
  • Влез во пештерата Вјетерница.
  • Влез во Дрвен Град.
  • Сите останати неспоменати услуги.